Колку објекти и споменици се уште имаат боја од „Шарената револуција“?
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2018 08:50
„Префрлање на одговорноста“ е насловена самостојната изложба на ликовниот уметник Сашо Станојковиќ, која ќе биде отворена вечер од 19 часот во Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата.
Според истражувањето на уметникот, трагите од овие, како што вели - „изливи на граѓанската волја“, сè уште се видливи на фасадите на девет објекти и врз еден споменик во центарот на Скопје.
- Тие претставуваат еден вид загрозени мултинационални и мултикултурни споменици на будењето на граѓанската свест за потребата од почитување на еднаквите права на сите граѓани, додава Станојковиќ. Тој е магистер по ликовна уметност од областа на сликарството и досега имал повеќе од 10 самостојни изложби.
„Префрлање на одговорноста“ е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје и НУБ „Св. Климент Охридски“.
Во рамките на овој проект, Станојковиќ во 2016 година поднел предлог- барање (петиција) остатоците од интервенциите со боја врз спомениците од проектот „Скопје 2014“ и врз други објекти во главниот град, за време на протестите наречени Шарена револуција, да бидат прогласени за културно наследство.
На изложбата ќе биде претставен дел од архивата што е составена од медиумските одгласи на Шарената револуција и од фотодокументација на единствените видливи колоритни интервенции што демонстрантите ги нанесоа врз некои објекти, а кои останаа неизбришани од претходната власт.
„Префрлање на одговорноста“ е поддржана од Министерството за култура, Град Скопје и НУБ „Св. Климент Охридски“
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




