16 Декември, 2025
0.0883

КОЛКУ ОД НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ИМУНИТЕТ НА КОРОНА ВИРУСОТ: Денеска почнува скрининг-тестирање за Ковид-19 за процена на имунитетот

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

Од денеска во Скопје почнува серолошката анализа на населението која треба да покаже колку од луѓето имаат некаков имунитет на корона вирусот. Тестирањето ќе се спроведе на случаен примерок од 1.000 граѓани во главниот град, но според здравствените власти, скрининг тестирањата може да се реализираат и во останатите градови во Македонија.

Ваквата постапка, според претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски ќе биде од голема полза на Комисијата во насока на планирање на следните активности, односно идните мерки кои би ги препорачувале и би ги носеле.

Според минатонеделната изјава на д-р Петличковски, претходната серолошка анализа која исто така беше направена за да се провери процентот на граѓаните кои имаат некаков имунитет на Ковид-19, покажала дека околу 30 отсто од тестираните граѓани биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.

Истовремено и министерот за здравство Беким Сали нагласи дека серолошката анализа ќе биде од исклучително значење за здравствениот систен, потенцирајќи дека ваквите скрининг тестирања ќе се прават и во останатите градови во Македонија. Нагласува дека засега точна статистика имаат само за вакцинираните граѓани, но нема точни податоци за луѓето кои ја прележале болеста, особено поради фактот дека голем број токму во овој период не прават ПЦР тетсови пред се заради лесните симптоми кои ги дава омикрон варијантата.

–Знаејќи дека заразените со омикрон поминувааат со полесна клиничка форма, голем број од нашето население не отишле за ПЦР-тест или сами ја понале болеста во домашни услови. Сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин, рече министерот Сали.

Во разговор за Фактор и матичните лекари потврдуваат дека изминатиот период имале огромен број на пациенти чии брзи тестови купени во аптеките им покажале дека се позитивни на корона вирусот, но поради неможноста да им обезбедат термин за ПЦР тест во лабораториите, тие не се влезени во системот и едностанвно не постојат како бројка на потвредни позитивни на Ковид-19.

-Тоа беше проблем, но и се уште е така. Дел од граѓаните кои ги имаат сите симптоми на болеста, се тестираат само со брзите тестови за домашна употреба,. Тешко се доаѓа до термин во лабораториите, а кога ќе ги пратиме во приватните лаборатории, одбиваат да одат да се тестираат, пред се заради високата цена. Правевме обиди, да успееме да им закажеме во некои од лабораториите во блиските градови, некои од нив одат, некои не сакаат. Затоа, ваквото скрининг тестирање, серолошката анализа, навистина очекуваме да даде попрецизна статистика. Ќе видиме дали во Македонија се приближуваме до посакуваниот колективен имунитет, без разлика дали е добиен со вакцинација или со прележување на вирусот. Инаку, ги лекуваме сите според симптоматологијата, без разлика дали се потврдени на вирусот или не, велат матичните лекари.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“