Кредити: Колку пари должат граѓаните, а колку фирмите?
Објавено во: Анализа 23 Февруари, 2013 08:00
Анализата укажува на тоа дека во јануари се намалува кредитното задолжување на приватниот сектор, така вкупната кредитна изложеност на банките кон фирмите и јавните нефинансиски институции изнесува 2,1 милијарда евра. Пораст на задолженоста има кај населението кое заклучно со јануари во банките должи 1,4 милијарди евра.
Трендот на пораст на спорните и сомнителни побарувања од граѓаните и од компаниите продолжува и во јануари. Само за еден месец салдото на нефункционалните кредити се зголеми за 15,5 милиони евра.
Најновите податоци на централната банка укажуваат на пораст на спорните побарувања и кај денарските и кај девизните кредити.
Колку должат граѓаните?
И со почетокот на 2013 та години за граѓаните најтрактивни остануваат потрошувачките кредити и задолжувањата преку кредитна картичка.
Во јануари граѓаните повеќе се задолжувале преку потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити и кај кредитните картички има намалување на салдото.
Ризикот и очекувањата за движењата во вкупната економија , според банкарите и натаму остануваат клучните фактор што делумно ќе влијаат врз условите за кредитирање. Како клучни фактори што го условуваат заострувањето на условите за кредитирање, според менаџерите на водечките банки во земјава се очекувања за вкупната економска активност, очекувања за перспективата на идустриската гранка на која и припаѓа фирмата што бара кредит и ризикот од неизвршување на обезбедувањето.
Лани, Народната Банка измери стапка на кредитен раст од 5,4 отсто, што се смета за една од најниските во изминатите години. За оваа 2013-та НБМ предвидува благо зголемување на кредитирањето, очекување што го темели на прогнозите за подобрување на вкупните економски движења.Според проекциите, годинава растотот на кредитите ќе изнесува 7,5 проценти, а догодина 8,1 отсто.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





