19 Ноември, 2018
0.4034
    ALK 8249.6    0%     CEVI 1000.65    0.06%     GRNT 824.44    -0.12%     KMB 5248.77    -0.75%     MERM 1999    -1.09%     MPT 48858.85    -1.15%     MTUR 5000    0%     NEME 1250    0%     OHB 6700    -0.74%     RMDEN14 96.4    0.1%     RMDEN17 96.6    0.1%     RZLE 21    31.25%     SBT 2151    -9.06%     STB 1287.47    0.1%     STBP 1255    0.08%     TETE 2430.04    -2.72%     UNI 2301    -1.16%     VITA 9200    0.12%

Колку пари ќе не чини првата 30 годишна државна обврзница?

Објавено во: Анализа 22 Јуни, 2018

Дали си направил виничка трговија кога се фалиш дека си се задолжил по супер услови, а при тоа не кажеш дека треба граѓаните за 30 години да платат 28,25 милиони евра камати на долг од 19,42 милиони евра? Секоја година до 2048-та ќе плаќаме по 941.750 евра камата на оваа позајмица, нека е со среќа

Првата 30 годишна државна обврзница со која Министерството за финансии позајми 1,2 милијарди денари односно 19,42 милиони евра ќе ги чини македонските граѓани – даночни обврзници 28,25 милиони евра односно 1,746 милијарди денари кои 30 години ќе ги враќаме за камата на 30 годишната државна обврзница.

Оваа обврзница беше издадена на 24 април 2018 година со аукциски код DO2018/11-0448дк. На аукцијата на која Министерството за финансии позајми 1,2 милијарди денари со годишна каматна стапка од 4,85 отсто. На аукцијата имаше огормен интерес и вкупниот износ на понуди беше 2,27 милијарди денари.

Интересот на инвеститорите е многу логичен кога ќе се пресмета износот на камата на годишно ниво изнесува 58,2 милиони денари односно 941.750 евра!

Ова е првата 30 годишна државна обврзница што ја издаде Република Македонија.

Вкупната изложеност на државата по основ на државните обврзници и записи заклучно со 7 јуни годинава (последна состојба) изнесува 94,193 милијарди денари односно над 1,5 милијарди евра. Во структурата на обврзници најголемо е учеството на едногодишните записи со 37,18 милијарди денари, потоа следува 15 годишната обврзница и тоа изнесува 26,06 милијарди денари. Потоа следува 5 годишната обврзница со 8,73 милијарди денари, 10 годишната обврзница со 8,48 милијарди денари и останатите, а двегодишната изнесува 8,33 милијарди денари. Целата структура може да ја видите на сајтот на Министерството за финансии на табот „Реализирани аукции на ДХВ“.

Р. Ф.