19 Април, 2024
0.0291

Колку пари ќе собере државата од повисокиот персоналец и зошто и требаат

Објавено во: Анализа 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Ќе собере ли државата повеќе пари во буџетот од прогресивното оданочување кај данокот на личен доход и дали навистина со тие стапки ќе се намали нееднаквоста во доходот на граѓаните. Познавачите ја отвораат дилемата откако веќе е познато за колкави приходи ќе важи повисоката даночна стапка од 18 проценти вгодина. Некои тврдат дека ефектот ќе е поволен другите дека во буџетот нема да има значајно повисоки приходи, па оттука не ќе може и да се подобрува квалитет на живот на граѓаните, што всушност е и целта. Фактор веќе објави дел од работната верзија на законот кој е во подготовка. Според одредбите, сите граѓани кои во текот на годината имале приход до 720.000 денари (по 60.000 денари месечно во просек) ќе плаќаат персонален данок на доход со стапка од 10 отсто, додека за сите приходи кои се над 720.001 денари данокот ќе биде 18 отсто за делот на доходот над овој износ. Оваа измена ќе важи од следната година.

ДАЛИ ЌЕ ЈА НАМАЛИ НЕЕДНАКВОСТА

Според дел од економските аналитичари, кои велат дека повеќето европски земји имаат прогресивни стапки, ова оданочување ќе биде поправедно и покорисно за економијата на земјата.

„Ефектите од прогресивното оданочување во Македонија, иако тоа нема да се однесува на повеќе од 1,7 отсто од даночните обврзници, ќе се поволни и тоа по повеќе основи - евидентно е дека ќе се подобрат буџетските приходи од персоналниот данок, ќе се даде дополнителен придонес кон намалувањето на економската нееднаквост на населението која постојано се влошува бидејќи Џини коефициентот постојано расте (богатите се уште побогати, а сиромашните се уште посиромашни), вели Никола Поповски, поранешен министер за финансии од СДСМ.

Но, еден од неговите следбеници не се согласува дека промената ќе има значаен буџетски ефект, туку само ќе ги погоди граѓаните кои се попрогресивни, тие кои условно кажано се во средната класа.

„Ќе погоди сите прогресивни луѓе затоа што основа за наплата не е само исплатената плата туку и сите дополнителни приходи на граѓанинот, односно хонорари врз основа на договори на дело, кирии, добивки. Може да предизвика и одлив на добри кадри од кај нас надвор, но ќе бегаат и странците кои сакаат да инвестираат, а ќе поскапуваат и работните места. Друго е прашањето што ќе добиеме од ова зголемување на даноците. Дали ќе добиеме подобри патишта, подобри услуги, нови училишта, подобра јавна администрација. Најверојатно не“, вели Кирил Миноски, поранешен министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ако Владата сака да ги оданочи богатите, треба границата над која ќе се применува повисоката даночна стапка да биде повисока. Тој не се согласува и дека нееднаквоста ќе се намали со ова.

МАЛКУ ЛУЃЕ ЌЕ ПЛАТАТ КАМАТИ НА ЗАШТЕДИТЕ

Инаку во подготвителната верзија на законот кој сега не се вика персонален данок на доход, туку данок на личен доход, има и други измени кои не беа навестени порано.

За доходот од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по стапка која е единствена, односно по 15 отсто.Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно.

Ова ќе се применува од 2020 година.

Поповски вели дека границата на добивката од камати е позиционирана високо и дека се чини дека со ова ќе бидат опфатени само мал број граѓани што имаат многу високи каматни приноси од штедни влогови.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза