05 Јануари, 2025
0.0288

Колку плати ЕСМ за последната набавка на струја?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Државната компанија за производство на струја ЕСМ трет ден не ги објавува цените по кои (доколку купила) плати 7.200 мегаватчасови електрична енергија купени за вчера и за завчера. Во објавата пишува цитираме „резултатите на добитните понуди ќе бидат објавени на 16 ноември до 11:40 часот“. Од прес службата одбија да информираат која е цената и не кажаа кога ќе ги објават резултатите

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) три дена не ги објавува цените по кои купи 7.200 мегаватчасови струја за деновите 17 и 18 ноември (завчера и вчера). Во објавата за набавка на струја која беше достапна на веб страницата на компанијата пишува дека добитните понуди ќе бидат објавени на 16 ноември до 11:40 часот. И по три дена нема достапна информација за цената по која ЕСМ ја купил струјата. Инаку компанијата веќе четврти пат купува електрична енергија преку својата фирма ќерка „ЕСМ Продажба“. До сега за трите тендери за набавка на струја од 7 ноември заклучно со 20 ноември ЕСМ на својата веб страница ги објави резултатите од аукциите. Сега на веб страницата во табот „Набавка/Продажба на ел.енергија“ и подтабот „„Јавни објави“ нема ниту еден податок за претходните тендери ниту пак има податоци за последната објава за која се шпекулира дека цените биле меѓу 250 и 300 евра за набавен мегаватчас електрична енергија.

ЕСМ во овој период од почетокот на ноември до сега од Владата доби на располагање 65 милиони евра за да ги плаќа: обврски за пенализација кон МЕПСО заради настанати кусоци од недоволно сопствено производство, набавка на фосилни горива (јаглен и мазут) за потребите на термоцентралите РЕК Битола , ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино со што треба да се амортизира ценовниот шок за фирмите кои купуваат електрична енергија на слободниот пазар на кои снабдувачите почнаа да им ги откажуваат договорите за снабдување и да им нудат нови спогодби по повисоки цени.

Алармот за актуелната кризна состојба стигна од првиот човек на МЕПСО кој соопшти дека заради намаленото производство на ЕСМ превземаме струја од регионалниот систем за што МЕПСО ќе добие пенали од Европската асоцијација на систем-оператори.

Првиот човек на МЕПСО , Рамадани во една прилика на ТВ емисија кажа дека ЕСМ бил пократок од потребното производство со 70.000 мегаватчасови, а снабдувачите на слободниот пазар биле кратки за околу 10.000 мегаватчасови.

Во еден од своите јавни настапи Рамадани истакна и дека многу загрижува и нивото на вода во хидроакумулациите на ЕСМ што може да ја доведе во прашање и нормалната функција односно да го зголеми ризикот во управувањето со електропреносниот систем.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални