20 Декември, 2025
0.3099

Пораст на цените на лековите и здравствените услуги во Македонија?

Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2014 08:49

Добивај вести на Viber

Трошоците во здравството за граѓаните се пораснати за 8,4 % во 2013 – тата година, покажува последниот извештај за трошоците за животот на Државниот завод за статистика. Според податоците на заводот, зголемување има во речиси сите здравствени сегменти. Па така граѓаните давале 12 % повеќе пари за лекови во 2013 – тата во однос на 2012 – тата, додека само во Декември давале 16 % повеќе пари во однос на истиот месец во 2012 – та. Зголемени се трошоците и за фармацевтските производи и тоа за 13,5 %, додека од 1 до 1,4 % се поголеми трошоците за терапевстките помагала, здравствените услуги, медицинските и парамедицинските и стоматолошките услуги. Дел од аналитичарите велат дека не се изненадени од податоците на статистика, кои се контрадикторни со континуираните соопштенија на здравствените власти во кои се индицира намалување на цените на лековите, како и намалување на цените и се навестуваат поквалитетни здравствени услуги. Експертот за социјална медицина и јавно здравје Методија Трајаноски вели дека порастот на трошоците во здравството може да се случува поради неколку причини.
Здравствената политика во последните години не била подложена на реформи кои би резултирале во промената на структурата на трошоците, што  е прилично индикативно со оглед на фактот што надлежните им овозможија на сите граѓани во Македонија да добијат какво – такво здравствено осигурување, ги намалија неколку пати и повеќекратно цените на лековите и медицинските помагала, како и го воведоа мој термин, но тоа очигледно не предизвикало соодветна реакција во делот на хармонизација на нормите и стандардите за структура на трошоците на здравствените услуги – вели Методија Трајаноски,  експерт за социјална медицина и јавно здравје
Трајаноски додава и дека веројатно порастот на трошоците ги следи соодветните инфлаторни тенденции со цел да не се направи дефицит во Фондот за здравствено осигурување. Фондот за здравство не бележи поскапи лекови Во новогодишното интервју Фактор ја праша директорката на Фондот за здравство за зголемените трошоци за лекови кои ги бележи Заводот за статистика, и како Фондот ги коментира контрадикторните податоци на разните државни институции. Маја Парнарџиева Змејкова вели дека не сака да коментира податоци на Заводот на статистика, но тврди, Фондот плаќа помалку пари за лекови во однос на минатата година.
Од аспект на Фондот може да кажеме дека ние ја следиме потрошувачката на лекови од позитивната листа кои се издаваат на рецепт на товар на Фондот во аптеките и не можам да коментирам податоци на Завод за статистика каде се дава преглед за сите лекови, и на оние кои се вон Позитивната листа. Од наш аспект, констатираме дека потрошувачката на лекови контиунирано е во пораст, но во рамките на истиот буџет покриен од ФЗОМ, значи зголемени трошоци за лекови во нашиот сегмент не постои – напротив, се намалува. Имено, од 2008 година до 2012 година бројот на рецепти е зголемен за 70%, а износите за лекови во ПЗЗ се зголемени за околу 50% - вели Маја Парнарџиева Змејкова, директор на Фондот за здравство
Сепак освен покачување на здравствените трошоци, Заводот за статистика бележи зголемени трошоци во речиси сите сегменти од општетсвото. Методоја Трајаноски мисли дека можеби токму во овие трендови може да се бара и одговорот за зголемените трошоци за здравјето на луѓето. Стапката на раст на економијата веројатно е се уште недоволна да го намали товарот на здравствените трошоци врз корисниците на здравствени услуги - вели Методија Трајаноски,  експерт за социјална медицина и јавно здравје Сепак според извештајот на заводот трошоците за здравје кои се зголемени за 8,4 % се меѓу најголемите поскапувања за луѓето, во однос на трошоците за храна, алкохолни пијалаци, тутун или обувки за кои се троши од 3 до 7 проценти повеќе во однос на минатата година. С.Р.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии