27 Јули, 2024
0.0262

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“

Објавено во: Финансии 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Банкарите, ако после светската криза од 2008 и 2009 година малку беа подзаборавени, сега повторно стануваат ултра актуелни. Пропаста на американската СВБ Банка води до потреси низ целиот финансиски свет, иако речиси сите авторитети уверуваат дека финансиски земјотрес со таква силина како пред петнаесетина години, нема да се случи. Односно, дека токму таа криза ги натерала банките да ги постават сите можни бафери, па сега тие се далеку позаштитени од претходно.

За нашиот банкарски систем нема опасности, смири завчера монетарната власт во земјава, од каде потенцираа дека пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. 

Оттаму нагласија дека билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања, велат од централната банка.

Фактор традиционално, на секои три месеци прави анализа колку се големи и моќни нашите банки, веднаш штом централната банка ги објави податоците. Најновите наши бројки се однесуваат на крајот на 2022 година, според состојбата на активата на домашните банкарски институции.

Најголема и најмоќна на домашната банкарска сцена остануива да биде Комерцијална банка, со актива од 2,46 милијарди евра, што е речиси идентично со големината на банката од пред три месеци, и е безмалку доближување до 2,5 милијарди евра.

На втората позиција според големината е Стопанска банка Скопје, која сериозно од поодамна „гази“ кон актива од 2 милијарди евра, и на крајот на минатата година буквално што не го достигнала тој таргет, остварувајќи актива од 1,998 милијарди евра. Тоа, пак, е пораст за близу 100 милиони евра за само еден квартал, или прецизно активата на Стопанска банка Скопје се зголемила за 93 милиони евра за три месеци.

Повеќе од одличен раст и кај третата по големина банка НЛБ, која ако на крајот на септември лани имала актива од 1,745 милијарди евра, 2022 година ја завршила со капитал од 1,836 милијарди евра, што е пораст за дури 91 милиони евра.

Шпаркасе банка се повеќе докажува дека заслужено го носи епитетот на четврта најмоќна банка во земјава, достигнувајќи на крајот на минатата година актива од 1,416 милијарди евра, остварувајќи на тој начин плус од дури 105 милиони евра за само три месеци, што е всушност најголем пораст од големата банкарска петорка.

Халк банка ја држи одличната петта позиција со постојано зголемување на активата, која на крајот на 2022 година е 1,365 милијарди евра, прикажувајќи на тој начин раст од дури 98 милиони евра за само три месеци.

Следуваат средните банки и тоа Прокредит, со капитал од 683 милиони евра, потоа УНИ Банка со 421 милион и државната Развојна банка со актива од 262 милиони евра и сите тие имаат зголемување на активата во последните три месеци.

Потоа, Стопанска банка Битола исто така со постојан пораст на активата, а на крајот на минатата година надминала 190 милиони евра и е на само еден сосема мал чекор да влезе во групата на средни банки. Следуваат ЦКБ со 182 милиони евра, ТТК со 142 милиони, Силк Роуд со 134 и Капитал Банка со 42 милиони евра.

Инаку, од НБМ велат дека според процените на релевантните меѓународни институции, а пред сѐ регулаторите во САД, последните случувања во американскиот банкарски систем не би требало да имаат ефекти врз финансиската стабилност во САД, а оттаму не се очекуваат ниту позначителни преносни ефекти врз глобалната финансиска стабилност.

Според американските регулатори, ова се должи на фактот што банкарскиот систем на САД е високо капитализиран, отпорен и работи на цврста основа, што во голема мера е резултат на реформите по глобалната финансиска криза, коишто обезбедија подобри заштитни механизми за банкарскиот сектор. Во прилог на ова оди и брзата реакција и мерките на американските власти, со коишто се минимизираат евентуалните системски ризици.

„Во овој контекст, последните случувања во банкарскиот систем во САД нема да имаат директни ефекти врз нашиот банкарски систем, имајќи предвид дека нашите банки имаат многу мала изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и американските банки, односно само 6,6 отсто од вкупните обврските на банкарскиот систем се кон странство, а само 5 отсто од побарувањата се од странство. Понатаму, билансите на нашите банки се исклучително солидни, со високо ниво на капитал (највисоко ниво во последната декада), соодветна ликвидност и одличен квалитет на кредитното портфолио“, децидни се од централната банка.

Фактор неодамна правеше и анализа на профитабилноста на македонските банки за минатата година, која покажа дека во годината која беше одбележана како кризна, банкарскиот сектор повторно профитира. Сите 13 банки минатата година ја завршиле со вкупна добивка од 157,3 милиони евра, што е раст за 5,7 проценти во однос на претходната 2021 година. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

МНОГУМИНА СЕ НАДЕВАА, НО НБМ ДЕНЕСКА НЕ ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА - мора да се стабилизира инфлацијата, има уште ризици

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Запленети 120 милиони евра од Амазон во Италија