05 Декември, 2025
0.0414

БЛОКОВИ, БЛОКОВИ И САМО БЛОКОВИ - инвеститорите и во новата година ги преферираат најдобрите компании и банки

Објавено во: Финансии 13 Јануари, 2025 12:22

Добивај вести на Viber

Инвеститорите и во новава година покажаа дека сакаат да инвестираат во „проверени“, стабилни и перспективни компании и банки што котираат на Македонската берза.

Во петокот минатата недела поминале дури пет блок трансакции, а со чии други акции би биле, ако не со оние на најдобрите, најстабилните, најпрофитните и дивидендно најконкурентните акционерски друштва кои котираат на Берзата, а тие се „Алкалоид“, Комерцијална банка и „Гранит“.

Да видиме што се случило во петокот минатата година. 

Најголема блок трансакција која поминала во петокот е онаа со акциите на градежниот гигант „Гранит“, и тоа на прилично голема сума, од близу 91 илјадфи евра.

Или, за однапред познат купувач биле продадени 3.000 акции на градежната компанија, по цена од 1.860 денари за акција, што значи дека некој за оваа количина на акции платил вкупна сума од 90.731 евро.

А, со акциите на Комерцијална банка и на „Алкалоид“ поминале по две блок трансакции. 

Во првиот блок со акции ан Комерцијална се продадени 100 акции по цена од 29.400 денари за акција, што значи дека за овој блок се платени вкупно 47.805 евра, додека, пак, во вториот блок се продадени 122 акции, по нешто пониска цена од 28.550 денари за акција, што значи дека купувачот во овој случај одвоил 56.636 евра.

Во првиот блок со акциите на „Алкалоид“, пак, поминале 100 акции, по цена од 28.500 денари за акција, што значи дека купувачот платил 46.341 евра за оваа количина акции, додека во вториот блок поминале акции по иста цена за акција, и тоа 28.500 денари, но количината била поголема, односно 150 акции, штио значи дека за нив се вкупно платени 69.512 евра. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката