ДОБРО Е ДА СЕ БИДЕ МИЛАНОВИЌ: Еве колку тежи претседателот на Хрватска
Објавено во: Финансии 14 Јануари, 2025 06:00
Нето платата на Милановиќ е 3.588 евра месечно, додека неговата сопруга, вработена во Хрватскиот завод за јавно здравје, има нето приход од 2.387 евра. Покрај основната плата, сопругата на Милановиќ добива и 1.635 евра месечно за држење настава.
Претседателот има околу 140.000 евра на штедна книшка, пишува Индекс.
Милановиќ има и кредит во износ од 92.906 евра подигнат во 2016 година со месечна рата на кредитот од 597 евра, кој е договорен со каматна стапка од 4,4 отсто. Кредитот е земен со рок на отплата од 360 месеци.
Што се однесува до недвижен и движен имот, Милановиќ е сопственик или косопственик на повеќе имоти.
Тој е сопственик на стан од 127 метри квадратни во Загреб, чија проценета вредност е 252.837 евра. Покрај тоа, Милановиќ има удел од 16,66% во друг стан во Загреб од 77,56 квадратни метри, вреден 159.267 евра.
Наследил и гаража од 14,25 метри квадратни во Загреб, вредна 13.272 евра и викендица од 91 квадрат во Солине, проценета на 79.634 евра. Покрај недвижен имот, наведува и обработливо земјиште во Главице од 6.700 метри квадратни, чија вредност се проценува на 79.634 евра.
Сопственоста на наведените имоти, освен за станот, е споделена со трети лица.
Милановиќ поседува 100% од акциите во компанијата EuroAlba Advisory d.o.o., со која раководеше до почетокот на неговиот мандат во февруари 2020 година.
Пословни.хр* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





