Колку слободни кревети има во болниците низ Македонија?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Април, 2021
Во земјава има околу 380 слободни кревети во болниците.
Во ковид-центрите во Македонија се лекуваат 1 663 пациенти, од кои 702 се во Скопје, а останатите во болниците во другите градови. Ова стои во дневниот извештај од Министерството за здравство. Изминатото деноноќие во Скопје се примени 48 нови пациенти, а отпуштени се 28.
Во внатрешноста, најмногу хоспитализирани има во Битола – 151, Прилеп – 116 и Охрид – 100. Во кумановската болница се лекуваат 94, во штипската 91, а во Велес и Струмица по 90 пациенти. Понатаму следат Кавадарци со 55, Гостивар 44, Тетово 40, Кочани 27, Кичево 25, Гевгелија 22 и Струга 18.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.