05 Декември, 2025
0.1001

Колку свинско месо јадат Македонците?

Објавено во: Агробизнис 03 Март, 2014 15:48

Добивај вести на Viber

Потребна е поголема контрола на увозот на замрзнато свинско месо во Македонија, побара претседателот на Групацијата за производство на свинско месо при Стопанската комора на Македонија, Ефтим Шаклев. Производителите бараат намалување на увозот на замрзнато свонско месо, заради кој минатата година до земјава се одлеале рекордни 33 милиони денари. „Проблем е што замрзнатото месо се јавува и во малопродажбата. Немаме проблем да увезуваат смрзнато месо произведувачите, но сакаме да знаеме какво месо користат рестораните и малопродажните објекти“, вели Шаклев. Според податоците на оваа Групација, во Македонија годишно се произведуваат 10.000 тони свежо свинско месо, а се трошат и 2.000 тони разладено увезено месо од ЕУ и 9.000 тона замрзнато свинско месо. Од Македонија се извезуваат само 100 тона свежо свинско месо во Србија. Увозот на свежо свинско месо не загрижува затоа што е помал иако се зголемил за 44 отсто во однос на 2006 година. Загрижувачки е увозот на смрзнато месо кој има раст од 77 отсто од 2006 до сега. „Бараме од Дирекцијата за ветерина да се укине вакцинацијата за свињите против чума, бидејќи и онака не можеме да извезуваме наши свињи во Европската унија. Тоа засега можеме да го направиме во Србија и Албанија“, рече Шаклев.

Просечен Македонец годишно јаде по 10 килограми свинско месо, а европскиот просек е 43 килограми. Бројот на свињи во 2013 година во Македонија е зголемен за 10 отсто во однос на претходната 2012 година, иако најголемиот производител Жито Вардар, наместо вообичаените 65 до 70.000 свињи произвел само 16 до 17.000 свињи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?