Колку „тежат“ штетите врз Буџетот кои ги откри СЈО со новите истраги?
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018 08:03
Специјално јавно обвинителство вчера отвори шест нови истраги, во кои има основано сомнение за предизвикана финансиска
штета на Буџетот на Република Македонија во износ од речиси 80 милиони евра.
Кодните имиња се: ПОДАРОК, ПРОПАГАНДА, ДИЗАЈН, ХАРМОНИЈА, БАЗНИ СТАНИЦИ, и ПАЦИЕНТ.
Ќе ги гонат екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот министер за здравство, Бујар Османи и други.
Се „купувале“ медиуми за да се врши пропаганда, се местеле тендери, се давале парцели на блиски луѓе по екстра ниска цена и ред други злоупотреби.
Обвинителката Катица Јанева вели дека целта им е парите кои се украдени од граѓаните да се вратат, а за Никола Груевски очекува дека до крајот на овој месец ќе почне да ја издржува казната затвор од две години за случајот „Тенк“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




