Комерцијална банка: ВМРО-ДПМНЕ редовно си го враќа кредитот
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2018 16:08
ВМРО-ДПМНЕ редовно ги сервисира обврските кон Комерцијална банка за кредитот којшто партијата го подигна пред парламентарните избори 2016 година, за што како хипотека го заложи партиското седиште, кое е дел од имотот замрзнат од Кривичниот суд по барање на СЈО, велат од таму за „Незавиосен“.
Од банката ги демантираат одредените информации дека се одржал состанок меѓу двете страни за активирање на хипотека над партиското седиште.
Според информациите во службен весник, познато е дека ВМРО-ДПМНЕ ја стави платата Христо Татарчев под хипотека во замена за рамковен риволвинг кредит од три милиони евра.
Според соодносот, партиското седиште вреди од два до три пати повеќе во однос на кредитот.
Во моментов целокупниот имот на опозициската партија е замрзнат поради случајот на СЈО под името „Талир“.
Според проценителите, доколку ВМРО-ДПМНЕ не успее да плати пет кредитни рати по ред се прогласува стечај и во тој случај се прогласува стечај, односно банката во тој случај има право да го продаде заложениот имот.
Седиштето го изгради Бетон Штип, а ВМРО-ДПМНЕ го даде своето земјиште без да плати ништо друго.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




