05 Декември, 2025
0.0456

Комерцијална банка ќе исплаќа 100 денари дивиденда по акција

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2013 14:06

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда за обичните акции во висина од 10% од номиналната вредност на акцијата, односно 100 денари. Ова е предлогот кој Надзорниот одбор на банката ќе го поднесе до Собранието на акционери закажано за 27 март годинава. Минатата година Комерцијална банка подели дивиденда од 200 денари за акција. Според материјалите кои им се доставени на акционерите, Комерцијална банка од нераспределената добивка од 562 милиони денари, 227 милиони денари ќе исплати за дивиденди на акционерите, 19,8 милиони ќе бидат за исплата на данок на дивиденда, а 314,3 милиони денари ќе бидат прераспределени во резерви. Номиналната вредност на акцијата на Комерцијална банка е 1.000 денари Датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2012 година, е 11.04.2013 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2012 година е 08.04.2013 година, а прв ден на тргување без право на дивиденда за 2012 година е 09.04.2013 година. Исплатата на дивиденда за 2012 година ќе започне на 23.04.2013 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност