17 Декември, 2025
0.0554

Комисијата за хартии од вредност јавно ја опомена „Иново Брокер“

Објавено во: Економија 24 Јули, 2013 14:15

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), при проверка на реализацијата на неколку налози за тргување со акции дадени од клиенти, утврди дека брокерската куќа, „Иново Брокер“ АД Скопје, не ги внесувала во системот за тргување по хронолошки редослед по кој тие се заведени во книгата на налози. Поради тоа, информираат од Комисијата, изречена е јавна опомена за брокерската куќа и за нејзиниот директор, поради кршење на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје. Со ваквото однесување, „Иново Брокер“ го прекршила член 122 од Законот за хартии од вредност, според кој, брокерската куќа ги извршува налозите на клиентите за купување/продавање на хартии од вредност во согласност со приоритетот во книгата на налози. Исто така, „Иново Брокер“ не ги испочитувала ниту Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје каде е регулирано дека, налозите на клиентите за иста хартија од вредност и со исти услови за реализација, членката е должна да ги извршува според временскиот редослед по кој што се примени и хронолошки евидентирани.  

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас