Геодетите контра катастарот: Не сме криминалци
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2012 11:43
„ Ставот на Комората бил и ќе остане законито работење на Овластените геодети вработени во Трговските друштва за геодетски работи. Оттука зачудуваат паушалните изјави кои се однесуваат за висината на неплатените надоместоци од страна на друштвата за геодетски работи кон Агенцијата за катастар на недвижности од причини што секој геодетски елаборат согласно Законот и подзаконските акти, при доставувањето во АКН , подрачните одделенија, потребно е да содржи доказ за платен надоместок за користење на податоци од АКН. Во спротивно истиот геодетски елаборат не треба да биде примен, заверен и спроведен во Катастарот на недвижности,“ велат од Комората.
Во врска со информациите за одземање на лиценците за работа на три геодетски фирми, од Комората посочуваат дека лиценците се одземени поради неисполнување на пропишаните услови за работа, а не по основ на неплатени недоместоци. Тие се зачудени од фактот што во информацијата и одржаниот прес за медиумите, работењето на трговските друштва за геодетски работи е генерализирано, односно произлегува дека сите регистрирани трговски друштва во Република Македонија не ги исполнуваат своите законски обврски кон АКН за користење на податоци, а ги наплаќаат од странските.Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




