17 Декември, 2025
0.0573

Компаниите нагрнаа по панели, интересот драстично зголемен по поскапувањето на струјата

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Скапата струја ги поттикна компаниите се повеќе да инвестираат во сончеви панели со кои сами ќе произведуваат струја за своите потреби, а можеби и за продажба. Податоците кои ги објавува Регулаторна комисија за енергетика покажуваат дека само во последниот месец, односно во месец мај се издадени 18 лиценци на компании кои се регистрирале за производство на електрична енергија, а од нив најголем дел се ориентирале кон поставување сончеви централи.

„Брако“, „Горска“, „Меркур“ се само мал дел од имињата на компании кои добиле лиценца за производство на струја во текот на мај. Зголемен интерес за сопствено производство на струја регулаторите велат дека има во последните две три години, но интересот „експлодирал“ од почетокот на годината, кога компаниите го почуствуваа ударот од поскапената електрична енергија на берзите.

-  Во последните неколку години евидентен е интересот за инвестирање во фотонапонски електроцентрали. Според податоците со кои располагаме од 2019 до 2021 година сега има 121 нова Фотонапонска електроцентрала (ФЕЦ) со вкупен капацитет од 28,6 мегавати (MW). Подетално по години: во 2019 година има 35 нови ФЕЦ со инсталиран капацитет од 5,8 мегавати (MW), додека во 2020 година имало нови 29 ФЕЦ со инсталиран капацитет од 7 мегавати (MW). Минатата година, однсоно во текот на 2021 година имало нови 48 ФЕЦ со инсталиран капацитет од 14 мегавати (MW). Во тектот на оваа година, поточно заклучно со месец април 2022 година РКЕ има издадено 36 лиценци за производство на електрична енергија од ФЕЦ со инсталиран капацитет од 12,7 мегавати (MW). Практично, во првите четири месеци од годинава имаме 47 проценти од вкупниот капацитет во последните три години, што е потврда за големиот интерес – објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ исто така додаваат дека зголемениот интерес кој се појавил од крајот од 2021 и почетокот на 2022 година е очекуван.

-  Ова особено се должи на значителното неколкукратно зголемување на цените на електрична енергија, меѓутоа и од аспект на сигурноста со снабдувањето со електрична енергија – дополнуваат од РКЕ.

Во насока на зголемена искористеност на сончевите денови, Владата најави дека ќе се поедностават процедурите и ќе се зголеми лимитот за поставување фотоволтаици, па кај домаќинствата наместо предвидените 4 килавати, ќе може да се поставуваат панели до 6 киловати, со можност домаќинствата да го продаваат вишокот енергија на универзалниот снабдувач.

Неодамна министерот за економија, Крешник Бектеши посочи дека Макеоднија го започна процесот на олеснување на процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и во ветерна и во сончева.

-  Северна Македонија почна да ги олеснува процедурите за инвестиции во обновливи извори на енергија, вклучително и ветер и сончева енергија, така што обезбедивме дополнителни можности секое домаќинство да има можност да инвестира сопствени фотоволтаични панели со што секое домаќинство ќе може да се продава на пазарот по истата цена што ја купуваат од универзалниот снабдувач. Микро и малите компании ќе имаат можност да инсталираат до 40 киловати (kw) со истиот модел – посочи кажа Бектеши.

Министерот дополни дека со олеснетите меркиќе се зголеми инсталациониот капацитет на електрична енергија од сонцето, дури и само кај домаќинствата и микро и малите компании во следните две години за 150 до 180 мегавати, не земајќи ги предвид тековните инвестиции од 140 мегавати и од приватни инвеститори во фотоволтаични центри.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар