Компаниите наместо да примаат работници инвестираат во роботи, а имаат и оправдана причина
Објавено во: Свет 14 Јуни, 2022
Во Јужна Кореја, компаниите веќе ги заменуваат работниците со роботи.
Во јануари е усвоен Закон за работни односи, којшто им овозможува на судовите да ги казнуваат директорите или високите менаџери на компании доколку работниците бидат повредени или убиени на работа. Новиот Закон предвидува и затворски казни, и тоа ги натера компаниите да вложуваат во роботи. Компаниите сега, бараат начин да имаат што помалку работници или воопшто да немаат човечки кадар во погоните.
„Низ нашата историја, секогаш наоѓавме начини да останеме во чекор. Автоматизацијата е следниот потфат во тој процес“, изјави Ким Јонг-рае, извршен директор на компанијата „Спифокс“.
Се додава дека јужнокорејските фабрики имаат недоволно висок степен на безбедност. И претходно, бројни истражувања предвидуваа дека во иднина многу професии ќе одат во историја, затоа што обврските ќе ги обавуваат роботи.foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.