29 Септември, 2024
0.0265

Компанија во Македонија плати милион евра за струја, а продаде канабис од само 330.000

Објавено во: Економија 20 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Синцеритас АД Скопје, единственото акционерско друштво за производство на медицински канабис во Македонија, минатата година платил сметки за електрична енергија од милион евра, а од продажба, поради законските ограничувања, направил приход од само 20 милиони денари, или околу 330.000 евра.

Германскиот инвеститор, чие седиште е во Скопје, а фабриката е во Росоман, работи од 2019, а од 2021 има статус на акционерско друштво. Трошоците од 134 милиони денари лани го довеле „Синцеритас“ во загуба од безмалку 2 милиони евра на крајот од минатата година.

Како трошоци за вработени биле исплатени 40 милиони денари, а во текот на годината поради ограничувањата со прописите и администрацијата, бројот на вработени паднал од 70 на 8 работници. Задолженоста по подигнати кредити е стигната до ниво од 10 милиони евра, а вкупната сметка за струја со настапувањето на енергетската криза се зголемила за двојно повеќе.

Акумулираните загуби од изминатите години изнесуваат 6,6 милиони евра, но инвеститорот сепак дал поддршка затоа што од оваа година се очекува позитивно работење по надминувањето на процедурите за извоз на производите од канабис.

„Последното ограничување се однесуваше на тарифната ознака за производите од канабис - предмет на извоз, кое што во 2023 беше надминато од страна на Царинската управа, поради што во моментов сме во процес на стекување тарифна ознака за растворите со ТХЦ екстракти, но и со ТХЦ и ЦБД компоненти. Во 2023 беше претставена правна процедура од страна на институциите за продажба на ТХЦ производи на домашниот пазар, со што пазарот во Македонија за ТХЦ производи се отвори за тргување. 

Со отстранувањето на овие ограничувања, компанијата очекува да започне да постигнува позитивни финансиски резултати, а со тоа и полесно да функционира. Во меѓувреме, компанијата се стекна и со европскиот ДПП сертификат („EU-GMP сертификат“) кој што дозволува продажба на странски пазари каде е неопходно поседувањето на тој сертификат. Така, во 2023, компанијата започна со извоз на производи во Германија. Во иднина, компанијата планира проширување на пазарите во Обединетото Кралство, Полска и Нов Зеланд. 

Понатаму, во согласност со бизнис планот подготвен од страна на компанијата, проекциите за 2023 предвидуваат позитивни финансиски резултати до крајот на годината. Главниот извршен директор на „Синцеритас“ има издадено писмо со поддршка, каде наведува дека ќе ја обезбеди неопходната раководна поддршка за компанијата да продолжи со оперативни активности во 2023“, се вели во ревизорскиот извештај на „Синцеритас“ испратен до „Македонска берза“.

Бизнисот со марихуана за медицинска употреба сè уште не почнал да носи пари во земјата како што се очекуваше. Производителите во меѓувреме континуирано бараа легислативни измени за олеснување на извозот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија