25 Ноември, 2024
0.0275

Компанија за пакување смрзната риба е нов кластер на Ковид-19

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Нов кластер на позитивни со корона висрусот е компанијата „Метро“ која препакува смрзната риба, потврди за Фактор директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов. Тој појаснува дека во оваа компанија од вкупниот број вработени 22, позитивни на Ковид-19  се половина од нив, односно 11.

- Епидемиолозите направија увид и од тоа што констатираа на терен, оваа компанија ги почитува и ги спроведива здравствените протоколи. Сите вработени носат маски и ракавици, но само за време на работните обврски. Имено, за време на паузата ја ваделе заштитната опрема, заради што дошло до меѓусебно инфицирање со корона вирусот. И на останатите им се земени брисеви, тие се веќе во изолација и во наредните денови се очекуваат резултатите, вели д-р. Стојанов.

Директорот на Центарот за јавно здравје потенцира дека вакви кластери не претставуваат голем проблем, бидејќи се знаат сите контакти, и како што нагласува, лесно може да се изолираат и да се спречи понатамошното ширење на заразата.

-Она што загрижува е неконтролирано ширење на вирусот, а тоа лесно се случува кога на едно место се собираат огромен број луѓе, како што беше случајот со дискотеките и ноќноте клубови. Оттаму очекуваме да има зголемување на бројот на заразените, изјави д-р. Стојанов.

А.Б.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик