05 Декември, 2025
0.1432

Компири и јаболка можат да ни го стопираат целиот извоз во Русија?

Објавено во: Агробизнис 18 Ноември, 2014 14:42

Добивај вести на Viber

Зголемен извоз на компири и јаболка од Македонија на рускиот пазар неофицијално е причината заради која земјава е обвинета дека го прекршува руското ембарго за европски прехранбени производи. Претставници на руската Агенција за надзор на безбедноста на храната утрово се сретнале со вработени во македонската амбасада во Москва. Им бил сомнителен зголемениот извоз на овие производи од Македонија за Русија, па изразиле сомнеж дека преку Македонија се реекспортираат во Русија производи од европските земји. Доколку злоупотребата се потврди, Македонија ризикува да добие забрана за извоз на прехранбени производи во Русија. Земјава е една од ретките во Европа што засега може да извезува храна на рускиот пазар, заради што се очекуваше македонските производители да имаат определен бенефит од руското ембарго воведено кон повеќето европски земји. Сега македонската Агенција за храна и ветеринарство ќе треба да ја провери листата што им е сомнителна на руските власти и во рок од една недела да достави потврда дали производите се од македонско потекло.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?