Комплетирана донацијата од Жито Лукс на детското одделение во Кумановската болница
Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2016 13:33
Компанијата Жито Лукс ја комплетираше донацијата во Детското одделение во Кумановската општа болница. Нови медицински апарати,постелнини и дополнителна опрема за потребите на одделението се доставени како резултат од неколкумесечната донаторска кампања.
„Оваа донација, опремата и апаратурата и воопшто подобрувањето на ова одделение беше целта на повеќемесечната заложба и посветеност. Во нашата мисија не бевме сами и од започнувањето на кампањата па се до овој момент ја имавме целосната поддршка од граѓаните на Куманово, кои што ја прифатија нашата иницијатива и помогнаа во подобрување на условите во детското одделение. Тоа сведочи за нивната доверба за Жито Лукс, како производител и како компанијата што се грижи за животот на граѓаните и помага каде е потребно“, изјавија од Жито Лукс.

Донаторската кампања преку којашто се издвојува средства од секој купен производ на Жито Лукс на територијата на Куманово и околината, беше поддржана и од локални организации и јавни личности како младата Мартија Станојковиќ.
„Донацијата е од големо значење за нас. Условите за работа, но и изгледот на одделението се значително подобрени но најважно од се е тоа што на децата ќе им биде овозможена подобра и побрза медицинска нега и грижа. За тоа сме подеднакво благодарни и на нашите сограѓани а и на Жито Лукс, и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример“, изјавија од Општата болница во Куманово.
Кампањата за спроведување на донаторски активности на Жито Лукс со цел опремување на болничките одделенија каде се лекуваат најмалите, се проведување континуирано во неколку градови во Македонија. Досега, Жито Лукс донираше во Охрид, Велес и Тетово.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




