22 Октомври, 2024
0.0299

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПЕДИЈАТРИСКИ МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТАР

Комплетна педијатриска грижа со сите специјалности на едно место и 15 отсто попуст на сите прегледи

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Во амбулантско-поликлиничкиот и хоспиталниот дел на Детскиот оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ работат над 25 искусни педијатри, супспецијалисти по детска општа и кардиохирургија, детска кардиологија, детска ревматологија, детска пулмоалергологија, детска неврологија, детска нефрологија, детска хемато-онкологија, детска гастро-ентерохепатологија. Во рамки на болницата има и развојна педијатрија, ортопедија, детска анестезиологија, детска дерматологија, детска радиологија, детска оториноларингологија, детска диетологија и нутриција, како и офталмологија. Дополнително во делот за развојно следење, нашиот тим е збогатен со дефектолог, логопед, детски психијатар и семеен терапевт. Овие врвни и искусни професионалци, заедно со другите доктори специјалисти во болницата и посебно обучениот средномедицински персонал, овозможуваат  достапност до сите медицински услуги за кои има потреба во детската возраст.


„Во амбулантскиот дел со дневна болница и педијатриски ургентен центар, како и неколкуте хоспитални оддели (педијатрија, неонатологија и детска кардиохирургија со интензивно лекување) на годишно ниво се нудат над 15.000 илјади специјалистички прегледи. За посебно одбележување е и функционирањето на Одделот за неонатална интензивна нега и Одделот за педијатриска интензивна нега, единствени од ваков тип во приватниот здравствен сектор кај нас, кои обезбедуваат третман и медицински транспорт на новородените и децата што се во критична здравствена состојба и имаат потреба од интензивна нега и терапија“ – изјави прим. д-р мед. науки Душко Фидановски, раководител на Детскиот оддел.

Детскиот оддел во „Аџибадем Систина“ со својата единствена концепција овозможува изведување на сите дијагностички и тераписки процедури на едно место во амбулантско-поликлиничкиот дел или на хоспиталниот оддел, ефикасно и во најкус временски рок. Болницата располага со најсовремени дијагностички процедури (ултразвук, рендген, компјутерска и магнетна резонанца) и искусни доктори кои се од различни супспецијалности, па се нуди интердисциплинарен пристап во давањето здравствени услуги кај децата, со што се овозможуваат дијагноза и третман на болното дете за многу кратко време. Секако, треба да се има предвид и фактот дека сето тоа се одвива на едно место во болничко опкружување, кое е особено приспособено и дизајнирано да им обезбеди пријатен престој на децата и да го намали стресот за време на изведувањето на медицинските процедури.

Ваквиот единствен концепт на нудење на сите потребни медицински услуги на едно место, за краток временски период и од врвни професионалци што работат во болницата, во пријатно опкружување, е една од главните предности со кои особено се гордее Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРОЦЕДУРИ

Бидејќи Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Детскиот оддел прераснуваат во препознатлив медицински центар не само во нашата земја туку и во регионот, во идниот период со ист интензитет се продолжува континуираното вложување за растот и развојот на овој оддел.

„Како еден од идните планови е просторното проширување на сите одделенија во Детскиот оддел и воведување на нови дијагностички и тераписки процедури од сите супспецијалности на педијатријата, особено од: детската хематоонкологија, нефрологија и гастроентерохепатологија. Со оглед на покажаниот интерес за воспоставување на соработка од други здравствени и образовни институции во земјава и барањето за упатување на млади медицински кадри за едукација во нашата болница, особено на Детскиот оддел, наскоро во план е создавање на сопствен едукативен медицински центар каде што нашите доктори би можеле да ги пренесуваат стекнатите знаења и вештини со користење на современи едукативни методи, со што би придонеле во создавањето на нов и добро едуциран високостручен медицински кадар“ – вели д-р Фидановски.

15 ОТСТО ПОПУСТ НА СИТЕ ПРЕГЛЕДИ ВО ПЕРИОДОТ ОД СЕПТЕМВРИ ДО КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИ

Во периодот од септември до крајот на декември сите прегледи на Одделот за педијатрија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе бидат намалени за 15%. За резервација на термин за консултација и преглед, потребно е да се јавите на 02 3099 500.

НАЈСОВРЕМЕН ПЕДИЈАТРИСКИ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Многу состојби во детската возраст бараат ургентен пристап и брза реакција. Високата температура, повраќање, дијареја, повреди се само дел од проблемите што предизвикуваат паника кај родителите, особено доколку тие се случуваат во текот на  ноќните часови. Целта е да се одговори на потребите на најмалите во моменти кога тоа е најпотребно. Педијатрискиот ургентен центар е конципиран според примерот на светските реномирани ургентни центри. Тоа го прави водечки педијатриски центар во целиот регион. Во него работи мултидисциплинарен тим на искусни доктори, кои може да ги третираат сите болести поврзани со детската возраст. Секоја состојба се третира индивидуално, со што се обезбедува најдобриот можен третман за секое дете. Ургентниот центар работи 24 часа секој ден во неделата. 

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

ПОМИЛУВАНИ СЕ 10 ЛИЦА: Сиљановска-Давкова помилува член на кланот „Барон“, поранешен градоначалник, вмешан во „Шпион“…

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

„Главниот советник на македонската претседателка е државјанин на Бугарија“: БГНЕС тврди дека Даскаловски има бугарско државјанство над 20 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

СО ПОГОЛЕМА ОТЧЕТНОСТ ЗА УПРАВУВАЊЕТО СО ДРЖАВНИОТ ИМОТ ДО ПОГОЛЕМА ДОВЕРБА - ќе се прави регистар на недвижен имот

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

„СИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БИДАТ СПОДЕЛЕНИ“ - Вишото обвинителство со поплака до Советот на јавни обвинители „ни вршат притисок“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМИЛУВА ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ: Tребаше да одлежи уште една година

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ПРОМЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО - еве кои се нови, но и чија позиција е во мирување

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

ЖЕНАТА КОЈА ЈА ПОСЕТИ ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ НЕГАТИВНА НА ПТИЧЈИ ГРИП - надлежните смируваат „ризикот за посетителите е мал“

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ ГИ „ЧЕШЛААТ“ ДОКУМЕНТИТЕ НА ХРИСТОВСКИ - по пријава се заинтересираа за новиот директор на АНБ