19 Декември, 2025
0.1358

КОМПОСТИРАЊЕТО КАЈ НАС Е НА НЕЗАВИДНО НИВО: Подобрете ја плодноста на почвата и спречете ја појавата на штетници

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2024 07:34

Добивај вести на Viber

Во земјава компостирањето е на едно незавидно ниво, иако истото носи многу бенефити за почвата, ја подобрува плодноста, придонесува за развој на здрави растенија и за спречување на појава на болести и на штетници. Компостирањето е природен процес, преку кој се разградуваат отпадоци од растително и животинско потекло во корисна хумусна материја наречна компост.

Компостот ја зголемува можноста за искористување на почвената влага и отпорност кон суша. Ако користите компост, употребата на вештачките ѓубрива и пестидици ќе биде намалена. Доколку правите компост и го употребите во бавчата, ќе добиете здрави плодови со интензивна зелена боја.  Компостирањето е исплатливо и може да најде примена во земјоделството, шумарството, хортикултурата и други сектори. Земјоделецот што користи компост, ќе има помали трошоци за препарати и со тоа ќе заштеди.

„За жал немаме свест за компостирање и покрај многуте реализирани проекти, студии, стратегии, законска регулатива. Со новововедениот начин на управување со отпадот - регионални депонии ќе се забрза и овој процес -  компостирањето. Се предлагаат начини на компостирање, се создаваат услови, се набавува опрема..... но процесот трае многу бавно и управувањето со отпадот (а со тоа и компостирањето)  е на незавидно ниво. Впрочем и во повеќе извештаи за напредокот на нашата земја кон ЕУ оваа констатација е дебело аргументирана“, вели Љупчо Крстевски дипломиран  машински инженер од Ресен, кој 12 години се занимава со компостирање.

Додава дека благодарение на УНДП и Општина Ресен се стекнал со теоретски и практични обуки за компостирање во земјава и надвор од неа.

„Бев раководител на првата македонска компостара во Ресен, директор на Јавното комунално претпријатие ,,Пролетер“ од Ресен. Граѓански активист во областа на заштитата на животната средина сум повеќе од 30 години. Сум креирал и реализирал 10 проекти за компостирање во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Моментално сум во пензија, но активно се занимавам со компостирање во сопствена приватна режија, но соработувам со јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор. Покрај производство на компост, креирам проекти, давам препораки за опрема, организирање на компостирање (следење на параметри, технолошки постапки, употреба на компост во разни сектори-земјоделство, шумарство, хортикутура, заштита на животната средина....) за домашно компостирање, компостирање на ниво на општини - централизирано компостирање и компостирање на фарми или приватни погони за компостирање“, објаснува Крстевски.

Секој човек годишно создава околу 100 килограми органски отпад од кои може да се добијат 50 килограми компост. Неконтролираното расфрлање на органскиот отпад или негово палење ги загадува воздухот, водата и почвата, но и штети на здравјето на луѓето и животните. Компостот помага во задржување на атмосферската вода и апсорбира петпати повеќе течност од неговата тежина. Се намалува ерозијата, опасноста од пожари, се троши помалку енергија од таа потребна за производство на вештачки ѓубрива, а со отворање на компостари, се создаваат и нови работни места. Компостот може да се користи за уредување на површините во руралните и урбаните средини.  Во согласност со регулативите на Европската Унија(ЕУ) секоја земја до 2025 година е должна да направи селекција и преработка на органскиот отпад.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните