29 Април, 2024
0.0294

„КОМУ МУ ПРЕЧАТ ЖЕНСКИТЕ ПРАВА И КОЈ НЕ САКА РОДОВА ЕДНАКВОСТ“ - активистите се кренаа на нозе по говорите на Јаков Стобиски и Венко Андоновски

Објавено во: Македонија 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Платформата за родова еднаквост остро се спротивставува на делувањето на Македонската православна црква против донесувањето на Законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата.

Тие тоа го истакнаа во своето денешно соопштение до јавноста. 

„На трибината организирана во Струмица на 17 март годинава, и пренесена од повеќе медиуми, епископот Јаков Стобиски заговара против донесувањето на Законот за родова еднаквост и против воведувањето на сеопфатно сексуално образование. Ваквото делување на црквата е антиженско, антихуманистичко и противуставно, бидејќи претставува замешување на религијата во донесувањето на законите. Со ваквото делување се напаѓа уставниот поредок според кој Северна Македонија е секуларна држава, што значи дека МПЦ или која било друга верска организација не треба да се впушта во обликување на закони и политики кои не го уредуваат работењето на верските заедници“, велат од Платформата за родова еднаквост.

Според нив, со ваквото делување МПЦ уште повеќе се етаблира како организација која шири мизогинија и се залага за зачувување и реафирмирање на подредената улога на жената во општеството. 

„Епископот оди дотаму што го оспорува самиот термин родова еднаквост! Оттука, логично произлегува заклучокот дека според црквата мажите и жените не се еднакви, па не треба да се донесуваат закони кои ја гарантираат нивната еднаквост.

Идејата дека жените и мажите не се еднакви е во коренот на тврдењето дека борбата за родова еднаквост претставува наметнување на идеологија, наместо природно и уставно гарантирано право на секој човек. Идејата дека родот и полот се бинарни и дека, според тоа, луѓето припаѓаат само на една или на друга категорија (маж или жена), е основата врз која се гради идејата за родова нееднаквост, за дијаметралната спротивност на мажите и жените и за централната улога на мажот во општеството - наспроти помошната улога на жената која се дефинира преку репродуктивната функција.

Црквата не го прави ова без интерес! Афирмирањето и зачувувањето на шовинистичките вредности според кои жените им се подредени на мажите, ѝ овозможуваат на Црквата да ја зацврстува својата политичка и економска моќ, преку ширење религиозни догми, манипулација со стравовите на луѓето и контролирање на политичкиот дискурс. Предупредуваме дека ова делување на МПЦ е загрижувачко и опасно за целото општество. На човештвото му требаа векови за да се ослободи од политичката моќ на клерот кој владееше преку насилство и корупција, вртоглаво богатење на црковните лидери, одржување на моќта преку догми и прогонување на неистомислениците. Кога Црквата си зема за право да се вмешува во одлучувањето за донесување закони, тоа секогаш значи заговарање на решенија кои нејзе ќе ѝ донесат повеќе моќ, наспроти интересите на граѓаните за градење општества во кои се почитуваат еднаквоста и социјалната правда. Користењето на религијата за зацврстување и одржување на привилегиите и политичката моќ претставува религиозен фундаментализам. Слободата на вероисповест не претставува слобода за фундаменталистичко делување! Религиозниот фундаментализам против родовата еднаквост во демократско општество мора да се ограничи за да може да се гарантираат правата на сите граѓани. Жените, мажите, трансродовите луѓе, луѓето со различни родови идентитети не се идеологија, туку луѓе чии права мора да се гарантираат и соодветно да се заштитат“, се вели во соопштението.

Натаму, како што се доадава во соопштението, платформата за родова еднаквост најостро го осудува и настапот на Венко Андоновски, чиешто учество, како што велат,  несомнено било во улога на верник, а не на универзитетски професор кој нема никаква експертиза во областа на родовата еднаквост! 

„Тоа не го спречи безочно да се вклучи во ширење мизогинија, етикетирање и ширење на пропаганда. Најостро го осудуваме и учеството на избрани претставници во локалната самоуправа и Советот на Градот Струмица, кое го оценуваме како скандалозно, бидејќи со своето присуство му дадоа легитмитет на форумот како база за линчување на активистки и неистомисленци и за поттикнување на омраза, со што се загрозува не само личната безбедност туку и безбедноста и интегритетот на граѓанските организации кои работат на промоција на родовата еднаквост и демократизацијата на државата во процесот на пристапување кон ЕУ. Од една страна, централната власт предводена од СДСМ се обврза да работи на промоција и унапредување на родовата еднаквост и да ја приближи земјата кон стандардите на ЕУ, а од друга, локалната власт во Струмица предводена од истата партија учествува во организирање настани на кои се линчуваат активистки и организации за родова еднаквост и се шират лажни информации.

Феминистичкото движење во Северна Македонија, жените и женските организации со години застапуваат донесување на законодавство кое ќе овозможи воспоставување на суштествена родова еднаквост, кон што треба да придонесе и Нацрт-законот за родова еднаквост. Воведувањето на сеопфатното сексуално образование кое се темели на принципите на човековите права, наука базирана на докази, инклузивност и недискриминација, меѓудругото, е и мерка за остварување на родовата еднаквост за која треба да се зборува со децата и младите уште во најраните години на нивното образование.  

Ги поздравуваме напорите на Министерството за труд и социјална политика, како и на меѓународната заедница, вклучително ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ и агенциите на ОН кои се застапници за донесување на Законот за родова еднаквост. Бараме Законот за родова еднаквост да се донесе во најкус можен рок, со поддршка од пратенички и пратеници од сите политички партии со што ќе се постигне широк политички консензус за подобрување на еднаквоста и индивидуалните човекови слободи“, се вели во соопштението од Платформата.

Се огласија и од Министерството за труд и социјала. Нивното соопштение го пренесуваме во целост.

„Креирањето на законски решенија кои имаат за цел унапредување на правата на сите граѓани, согласно потребите на едно современо општество е приоритет и сериозна обврска во работењето на Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, на транспарентен начин, со вклученост на сите засегнати релевантни чинители во општеството се креираат сите законски решенија кои се во негова надлежност.

Поаѓајќи од тоа дека, граѓаните мора да бидат точно и навремено информирани, за работата на министерството, истото организираше иосум јавни дебати за новиот Предлог закон за родова еднаквост со кои беа опфатени сите региони во државата, а на кои присуствуваа заинтересираните страни, како што секоординаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво,претставници на локални здруженија на граѓани како ижени пратенички.

Токму овие јавни дебати се со цел, оставање на простор за искажани мислења, ставови, сугестиии предлози од кои ќе бидат во насока на подобрување на законското решение.

Министерството за труд и социјална политика, ја информира и реагира до јавноста дека во врска со изнесените ставови во однос на родовата еднаквост и новото предлог законско решение за родова еднаквост, изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата„во организација на Елеуса Фондацијата, дефинициите и поимите, кои се во дискурсот на родовата еднаквост се погрешно интерпретирани, користејќи реторика која е спротивна на основните принципи за човекови права врз кои се заснова Предлог Законот за родова еднаквост.

Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

Предлог законот ќе овозможи усогласување со новите ЕУ директиви во насока на поефикасна легислатива за родова еднаквост и ќе придонесе за јакнење на владеењето на правото, изградба на независни институции и функционален систем на национално и локално ниво.

Предлог законот дефинира „Пол“ како биолошка и психолошка карактеристика врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи, додека „Род“ е социјална конструкција која ги подразбира општествените својства и можности што се поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко.

Во овој контекст, полот се однесува на биолошки и физиолошки карактеристики кои ги дефинираат мажите и жените, односно број и вид на полови хромозоми, хормони, внатрешна репродуктивна анатомија и надворешни гениталии. Овие карактеристики се универзални и генерално постојани. Исклучок се случаите на интерсексуалните лица кај кои уште од самото раѓање овие карактеристики не се ниту целосно типично машки, ниту целосно типично женски. Интерсексуалните лицата не треба да се мешаат со трансексуалните лица чиј родов идентитет се разликува од она што во културата се поврзува со нивниот пол на раѓање .

Тенденцијата на овој закон е да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите во општеството.

Наративот против родовата еднаквост вклучително и сексуалното образование е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања, неприфаќање на различноститеи наметнување на дискриминирачки ставови за различноста.

Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на меѓусебна почит.

Ваквите ставови изнесени на трибината го враќаат општеството назад, не придонесуваат за подобар квалитет на живеење туку водат кон зајакнување на стереотипите и предрасудите, кон говор на омраза, дискриминација и ксенофобија.

Фото: Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево