05 Декември, 2025
0.0657

Коњановски: 128 милиони евра поддршка за млекопроизводството во следните 8 години

Објавено во: Агробизнис 24 Јануари, 2013 15:04

Добивај вести на Viber

По околу една милијарда денари годишно или вкупно 128 милиони евра за период од осум години ќе вложува државата во сточарството и млекопроизводството.

Ова, како што соопшти денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по посетата на млекарницата „Здравје Радово“ во општина Босилово, е дефинирано во Стратегијата за подобрување и следење на квалитетот на млекото за периодот 2013-2020 година што ја усвои Владата со цел интензивирање на развојот и зајакнување на примарното млекопроизводство.

- Стратегијата е прв стратегиски документ од оваа област, фундамент за натамошно градење на политиките во секторот млеко. Мерките што ги содржи се насочени кон зголемување на неговата домашна и меѓународна конкурентност, интензивирање на развојот на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко, приспособување на учесниците во синџирот кон пазарната реалност, согледување на потребата за поцврста заемна организираност и поврзаност, како и градење дополнителна вредност на македонското млеко преку квалитетни и специјализирани производи, истакна Коњановски.

За клучните мерки, напомена, е предвидена конкретна финансиска поддршка, 7,2 милијарди денари за интензивирање на развојот на примарното млекопроизводство, 685 милиони денари за приспособување и модернизација на преработувачката индустрија за исполнување на стандардите на ЕУ и 10,4 милиони денари за интеграција на секторот и воспоставување единствена база на податоци на потсекторот за млеко.

Ќе се инвестира во подобрување на квалитетот на сточниот фонд со нови раси говеда, овци и кози, како и во едукација на фармерите со цел производство на квалитетно млеко.

- Со посебни подпрограми  ќе го помогнеме и технолошкиот развој на млекарниците и млекопреработувачките капацитети за да ги постигнеме европските и светските стандарди. Ќе профункционираат и две нови лаборатории во Штип и Битола каде независно ќе се контролира квалитетот на млекото и млечните производи, подвлече заменик министерот.

Стратегијата е резултат на соработката меѓу државните институции, науката, бизнис заедницата, земјоделските здруженија и преработувачите. За нејзино имплементирање во наредните 8 години се планирани 8 милијарди денари или 128 милиони евра. Средствата ќе се обезбедат од годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и ИПАРД, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Според  директорот  на „Здравје Радово“ Јован Дабески, Стратегијата отвора нови можности за развој на кооперативните односи меѓу производителите и преработувачите.

- Во подготовката на овој значаен документ од областа на млекопреработката учествувавме од самиот почеток и горди сме што во наредниот период имаме јасно зацртани цели. Со подобар квалитет на млекото во примарното производство ќе се подобри и квалитетот на нашите производи кои веќе стануваат препознатливи и барани и на странските пазари, изјави Дабески.

„Здравје Радово“ дневно преработува над 100 илјади литри млеко откупено од фармерите во Источна Македонија и Битолско.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?