05 Декември, 2025
0.0361

Коњановски: 1,5 милиони евра за развој на рибарството

Објавено во: Агробизнис 04 Јануари, 2013 15:38

Добивај вести на Viber

Со владина поддршка од 90 милиони денари(околу 1,5 милиони евра) ќе се развиваат рибарството и аквакултурата во Македонија во текот на 2013-та година. „Со ова упатуваме јасна порака за нашата доследност во делот на земјоделството, но истовремено и порака за сите инволвирани страни во рибарството и аквакултурата дека оваа област ќе продолжиме да ја поддржуваме со уште посилно темпо“, изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој денеска во Демир Хисар се сретна со претставници на групацијата на рибопроизводители при Стопанската комора на Македонија и здружението на рибопроизводители Аквафортис. Според Коњановски во 2006 година не биле издвојувани средства за поддршка на рибарството и аквакултурата, во 2009 година државата вложила 43 милиони денари, во 2010 и 2011 година финансиските средства за развој на рибарството и аквакултурата изнесуваа околу 64 милиони денари, а во 2012 година 75 милиони денари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?