03 Декември, 2024
0.0237

Коњановски: Ако не го исплати грозјето, Винеа ќе биде избришана од винарскиот регистар

Објавено во: Агробизнис 02 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Владата гледа партнер во земјоделците, а тие и во иднина ќе бидат основен столб на нашата политика, истакна денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски за време на својата посета на Кавадарци.

„Во нашиот фокус на интерес ќе биде обичниот македонски граѓанин, со неговите реални проблеми. Ние преку нашите програми за директна финансиска поддршка и за рурален развој водиме сметка за општините и помалите населени места како овие што денеска ги посетив. Има средства и за полски патишта и за обнова на системите за наводнување,“ истакна Коњановски.

Тој изрази задоволство од постоењето на падарска служба во кавадаречко, од брзата урбанизација на места каде што ќе се градат откупни дистрибутивни центри или мини винарии, како и од планот за инвестирање во каналска мрежа за наводнување. Исто така информираше дека од околу шест илјади апликации за субвенции во кавадаречко неисплатени останале околу 1 200, а најави и дека во најбрзо време сите лозари ќе ги добијат субвенциите, иако законскиот рок е до крајот на јуни.

Во врска со случајот на винарската визба “Винеа”, заменик министерот Коњановски рече дека ќе биде избришана од регистарот на винарии во државата и нема да може да се занимава со винарска дејност доколку не им го исплати грозјето на лозарите чиј рок за исплата е истечен.

„Неисплатеното грозје од оваа винарница е проблем за земјоделците од Тиквешко“, истакна заменик министерот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.