Коњановски: Ако сакаме пласман, ни требаат конкурентни овошни сорти
Објавено во: Агробизнис 13 Март, 2013 18:59
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, денеска побара земјоделците да почнат да одгледуваат сорти на овошје кои се барани на пазарите низ Европа.
„Мораме да го менуваме менталитетот, она што се случува во европски и светски рамки да го применуваме и тука“, истакна Коњановски на денешната промоција на експерименталниот овошен насад во ресенското основното училиште „Цар Самоил“.Како главен проблем кај нас тој ја посочи лошата и неефикасна политика при изборот на овошните сорти.
„Експерименталниот насад во училиштето „Цар Самоил“ треба да биде појдовна основа за натамошниот развој на овоштарството не само во Преспа, туку воопшто во државава. Министерството е подготвено да помогне во секој момент во оваа насока, колку што е во можност“, рече Коњановски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





