02 Декември, 2024
0.0579

Коњановски: Инвестиравме 19 милиони евра во струмичкото земјоделство

Објавено во: Агробизнис 02 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата изминатите години инвестирала околу 19 милиони евра во развојот на струмичкото земјоделство, дел преку субвенции, дел како директна помош,информираше заменик министерот за земјоделство,  Зоран Коњановски по денешната средба со земјоделците Пиперово, општина Василево. Според петгодишната владина програма, вкупната сума за македонското земјоделство ќе достигне над 720 милиони евра, повтори Коњановски кој најави дека поддршката во наредниот период ќе биде насочена главно кон развојот на задругарството.
„Новиот закон за земјоделски задруги што е во собраниска процедура е повод за нашата средба и можност директно од земјоделците да ги слушнеме нивните размислувања и барања. Продолжуваме со практиката да ги земеме предвид сугестиите на производителите и да ги преточиме во конкретни политики“, рече Коњановски. Тој најави дека тие и во иднина ќе бидат максимално посветени на подобрување и унапредување на овој сектор, а ќе продолжат и со интензивните средби директно на терен. Коњановски вообичаено ги информираше земјоделците и околу процесот на легализација на земјоделската механизација и објекти. Неговата посета во Стумичкиот регион, следи по средбата која пред само два дена ја имаше со Охридските земјоделци. Од неговиот кабинет најавуваат дека ќе продолжат со ваквата практика на директни средби  бидејќи биле на барање на самите земјоделци.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.