Коњановски во Охридско: Ветува „успешна приказна во земјоделството“
Објавено во: Агробизнис 31 Јануари, 2013 16:52
„Владата и натаму ќе ги користи сите инструменти и расположливи средства за успешна приказна во земјоделството“, истакна заменик министерот за земјоделств, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски пред земјоделците од охридските села Горно и Долно Лакочереј и Мешеишта.
Тој ги информираше за работните проекти на Министерството и за законските измени донесени на нивно барање, а посебно се осврна на законот за земјоделски задруги чие донесување во Собранието се очекува идната недела.Земјоделците пак најмногу беа заинтересирани нтерес за измените за Законот за возила со кој се легализираат земјоделските машини и механизацијата, за законот за легализација на објекти и згради на земјоделско земјиште, како и за измените на Законот за земјоделско земјиште што овозможува изградба на нови објекти на земјиште што не е урбанизирано.
Коњановски ги повика земјоделците да не ги чекаат последните рокови за легализација на механизацијата и објектите што истекуваат на 10 април, односно 2 август годинава. Додаде дека Владата и ресорното Министерство преку низа програми, мерки и закони ќе продолжат да даваат стимулации за подобрување на земјоделското производство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





