Кон системот е-даноци не пристапиле вкупно 1.440 даночни обврзници
Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 15:05
Вкупно 1.440 месечни даночни обврзници воопшто не пристапиле кон регистрација на системот е-даноци. Имаат рок уште 15 дена да го сторат тоа бидејќи од 1 јануари стапува на сила овој систем.
Портпаролот на Управата за јавни приходи Весна Новаковиќ денеска изјави дека даночните обврзници кои не пристапиле кон регистрација на системот тоа ќе мора да го сторат во наредните две недели затоа што во спротивно не ќе можат да ги поднесуваат пријавите по електронски пат.
- Од 1 јануари задолжителна е обврската за поднесување на ДДВ пријави и даночни биланси за данокот на добивка по електронски пат за месечните ДДВ обврзници. Законот во однос на казните е дециден. Доколку навремено не се поднесат пријавите законот предвидува високи казни што се движат и до 3.500 евра во денарска противвредност, појасни Новаковиќ.
Законските измени со кои е предвидена оваа нова законска обврска за даночните обврзници беа донесени во јули годинава. Од октомври од страна на Управата за јавни приходи беа спроведени обуки кои ги посетија над 5.000 обврзници и сметководствени бироа.
- УЈП ги има ставено на располагање сите човечки ресурси за даночните обврзници да почнат навремено да ја применуваат оваа нова законска обврска, нагласи Новаковиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





