Коњско месо пронајдено и во ќофтиња за рестораните на „Икеа“
Објавено во: Свет 25 Февруари, 2013 12:51
Скандалот со коњското месо кој ја зафати Европа, не стивнува. Според псоледните информации, чешки инспектори нашле коњско месо во ќофтиња произведени во Шведска и наменети за рестораните во трговските центри на шведскиот гигант за мебел „Икеа“.
Овие податоци ги соопшти чешката ветеринарска управа, при што се наведува дека ќофтињата ги произведува шведското претпријатие „Дафгорд“ и ги испорачува во голем број трговски центри на „Икеа“ во Европа.
Доколку податоците се точни, тоа е првпат коњско месо да биде најдено во производи од Шведска, пишува „Свенска дагбладет“ на својот сајт.
Според шведскиот Завод за прехрамбени производи, чешки надлежни органи го известиле „Дафгорд“ дека биле направени три анализи, при што во еден случај е најдено коњско месо.
Засега не е познато колкаво количество коњско месо е откриено во споменатите шведски прозиводи
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




