20 Мај, 2025
0.1079

Концерти, фестивали, кино на отворено – Halk EZ ја отвора сезоната на кул искуства за своите корисници

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2024 14:56

Добивај вести на Viber

На првиот ден од летото, новиот банкарски пакет за млади Halk EZ ја најавува сезоната на изненадувања и подароци за своите корисници. Концерти, фестивали, кино на отворено се само дел од искуствата кои Халкбанк ќе им ги овозможи на младите како дел од активностите во рамки на пакетот Halk EZ, кој покрај банкарски услуги, претставува и платформа за едукација, забава, дружење и вмрежување.

Во рамките на овие активности, во тек е наградната игра „Стани дел од Halk EZ заедницата и стигни до EXIT 2024“ преку која ќе бидат доделени пет ВИП влезници за двајца за еден од најголемите музички фестивали во Европа. Наградата вклучува карти за EXIT, авионски превоз, хотелско сместување и возбудливи тури со џип и катамаран за две лица, а право на учество имаат сите млади на возраст од 18 до 24 години кои се корисници на пакетот Halk EZ. 


Покрај ова, во претстојните недели, како дел од летната сезона на подароци, Halk EZ ќе додели влезници за два филмски фестивали на отворено – Beach Film Festival во Охрид и Галичник филм фестивал, Sunset Session забавата во Љубаниште и Street Food Festival кој наредната недела ќе се одржи во Скопје.

„Младите постојано се во фокусот на работата на Халкбанк и како дел од нашата стратегија за општествена одговорност спроведуваме низа активности со кои ги поддржуваме нивната едукација, развој и напредок. Со оглед на тоа што летото е време за опуштање и уживање во интересни содржини, одлучивме да ги поттикнеме младите да посетуваат реномирани културни и забавни настани во Македонија и регионот и да стекнат вредни искуства“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е создаден за да одговара на секојдневните потреби на сите млади луѓе, студенти, средношколци, млади претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPaySmartSendSmartCash.

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

„Полесно не може да биде“ - нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги

„Полесно не може да биде“ - нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги

„АЛКАЛОИД“ СО ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ

„АЛКАЛОИД“ СО ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Македонски Телеком воведува нова дигитална тарифа за млади: „W“

Македонски Телеком воведува нова дигитална тарифа за млади: „W“

Како да создадеме општество без чад од цигари и дали тоа е возможно? Еве што велат експертите

Како да создадеме општество без чад од цигари и дали тоа е возможно? Еве што велат експертите

Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата

Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата