Концесионерот бара целосна забрана за лов на пастрмка во наредните 10 години
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 10:25
Концесионерот на Охридско езеро испратил до Министерството за земјоделство барања за мораториум за лов на охридска пастрмка во следните десет години, но за истата мерка да се примени поголема физичка заштита и контрола.
„И со успешни мрестови последниве пет години и со ефикасна физичка заштита која што ја имаме ние, со рибочуварската служба сметам дека не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд“ вели Ристо Танасоски концесионер од „Пастрмка 201“
На концесионерот во првата риболовна основа му беше дозволено да лови 40 тони пастрмка, а не успеале да уловат ниту 400 килограми, што е доволен доказ дека состојбата со пастрмката е алармантна.
„Оваа година имавме многу успешен мрест односно во охридскиот дел на Охридското езеро се собрани 2 200 000 зрна икра во струшкиот дел 600 000 и според наши информации од албанската страна се собрани над милион икра подмладок охридска пастрка со тоа се надеваме дека Охридското езеро ќе биде порибено со над 3 милиони 800 0000 подмладок со што ќе биде рекорд во последните десет години“, вели Танасоски.
Потполна забрана за лов на пастрмка имаше од 2004 до 2012 година, но тогаш езерото без концесионер, беше секојдневна мета на рибокрадците. Со забрана за лов на пастрмка, усогласена од македонска и албанска страна на езерото, мешовити рибочуварски служби, езерската полицијата и надлежните институции се очекува да се возобнови охридската пастрмка.
Извор: kanal5.com.mk
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




