25 Ноември, 2024
0.2775

Конечни бројки за странските инвестиции: Скорот не е сјаен, го билдаат меѓукомпаниските долгови

Објавено во: Економија 15 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Македонија ја заврши минатата година со вкупни странски инвестиции од речиси 240 милиони евра. Само во четвртиот квартал нето приливите изнесуваат 95,3 милиони евра, објави Народната банка. Сумата на квартално и на годишно ниво ја билдаат приливите од меѓукомпанискиот долг, односно тоа се приливи на постоечки компании.

Во 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата од 239,8 милиони евра се резултат на нето-приливите врз основа на меѓукомпаниски долг (128,4 милиони евра), вложувања во сопственички капитал (96,7 милиони евра) и реинвестирање на добивката (14,8 милиони евра), стои во соопштение од централната банка.

Податоците за четвртиот квартал покажуваат драстична промена во однос на претходните два во кои наместо приливи имаше одливи на девизи од земјава. Податоците од Народната банка покажаа дека во месеците јули август и септември од земјава оделани се 5,4 милиони евра. Во вториот квратал исто така немаше забележани нето приливи по однос на странски инвестиции, или тогаш нето одливите кои се минусот од приливот и одливот изнесуваа 9,3 милијарди евра. 

Анализа по години покажува дека 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Од нив 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.

Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.

2020 година - 239,8 милиони евра

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

Во меѓувреме случувањата на терен не навестуваат брза промена во билансот на добро. Нема многу најави за нови инвестиции, иако во последниот период имаше две потврди дека некои од постоечките ќе ги дореализираат своите планирани вложувања. Таква е италијанската индустриска групација „Витило“ која ќе инвестира нови 10 милиони евра во земјава во третата фаза од планираната инвестиција,

А турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат 40-50 лица. 

Дали кризата или можеби променетата стратегија за привлекување инвестиции се причината за послабиот резултат во привлекувањето на странските инвестиции? Што го промени трендот?  Иако претходно се тврдеше дека тие кои инвестираат тоа го прават исклучиво за субвенциите, тие државни олеснувања односно државната помош останува и сега, но инвестиции има малку. Познавачите се согласуваат дека главна причина, за минатата година секако е пандемијата и воздржувањето на инвеститорите или тие кои сакале да се шират, од пласирање на капиталот лесно. Сепак дел од искуствата од соседните земји особено од Србија покажуваат дека интерес од странски вложувања има. Таму речиси секојдневно дел популистички, но дел и ефективно стасуваат најави за конкретни инвестиции.

Пред три дена српскиот амбасадор во Соединетите американски држави Марко Ѓуриќ изјави дека во Вашингтон разговарал со претставници на 16 големи американски компании заинтересирани за соработка и деловно работење во Србија. Меѓу заинтересираните се Моторола, Мерк, Виза, Ситибанк, Рејтеон кои како што беше соопштено, ги пофалиле макроекономските показатели на Србија. Инаку Србија не е членка на НАТО.

На прес конференцијата по повод потпишувањето на договорот за државна помош со Пурпласт, вицепремиерот Фатмир Битиќи нагласи дека со отвореноста, посветеноста во креирање на уште подобра деловна клима, креирање на низа на мерки за поддршка на инвестиции во производството и стимулирање на извозните компании, Владата ја заслужила довербата на компаниите, а ќе се продолжило уште посилно и  доследно во спроведувањето на намерите за подигнување на конкурентноста на македонската економија.

„Тоа може да го направиме само со привлекување на нови странски компании, но и со стимулирање на технолошкиот развој, модернизација и дигитализација на домашните компании, со освојување на нови пазари и градење на производствен бренд, кој  во светот ќе се препознава по квалитетот . Изминатите 3 години, докажавме како Влада дека сме стабилен партнер на бизнисот. Сите преземени обврски во однос на договорите за државна помош, се навремено и целосно сервисирани. Заедно со компаниите создадовме цврсти конекции базирани на меѓусебна доверба, но и максимална посветеност во реализација на ветените и преземените обврски од двете страни“, подвлече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.


А.Т.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите