07 Октомври, 2024
0.0340

КОНЕЧНО: Модерна делница Велес Скопје, се работи и на автопатот кон Штип!

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт и врски Мисајловски, во своето прво интервју откако е министер вели дека изградбата на автопатите низ Македонија е во полн ек. Тој го надополнува премиерот, дека во изградбата ќе се вклучат повеќе од 2000 работници. Мисајловски го замени Јанакиески, откако претходниот министер поднесе оставка, како резултат на објавените прислушувани разговори на опозицијата. Мисајловски, слично како и Јанакиески важи за човек од доверба во врвот на ВМРО ДПМНЕ. „Јас очекувам дека согласно динамиката ќе стигнеме во определениот временски рок, односно договорот што го имаме потпишано со „Синохидро“. Ме радува што се зголемува бројката, бидејќи со овие автопатишта ја градиме иднината на Македонија. Тоа е најважно од се“, вели Мисајловски Ви пренесуваме дел од интервјуто на г-динот Мисајловски: Кој е крајниот рок на завршување на автопатот Миладиновци Штип? Треба да го завршиме за три години. Имавме проблеми со врнежите. Моментално веќе една година работиме на трасата. Освен со врнежите имавме големи проблеми со снегот што падна, но затоа и сега темпото е зголемено, за она време што поминало да го стигнеме. Затоа и постојано надзорот пристиска за постојано да се работи, за да можеме да го исполнеме договорот и за да можеме да ги исплатиме луѓето што работат, односно компаниите кои работат на овој потег. Работите и на рехабилитација на постојниот автопат Велес- Скопје, делницата кон Катланово? Тука ќе добиеме нова, модерна делница. Моментално таму се работи, очекувам дека наредниве два- три месеци ќе биде комплетно готова. Тоа ќе биде една европска, модерна делница. Како што може да забележите во изминатиот период од Скопје до Велес, веќе го рехабилитиравме тој пат. Но, освен тоа бележиме и нова бела лента, поставуваме нови сообраќајни знаци, ќе бидат ставени над 1.500 сообраќајни знаци. Осветлувањето на клучките е исто така многу важен проект, важно е да бидатосветлени оние кои не се досега. Исто така имаме и доста тендери распишано и за свлечиштата што се појавија во зимскиот период. Паралелно работиме на сите градби.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип