КОНЕЧНО МПЦ ОФИЦИЈАЛНО ГО ПОКАНИ БУГАРСКИОТ ПАТРИЈАРХ НЕОФИТ
Објавено во: Македонија 30 Март, 2018
Г.г. Стефан, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија официјално го покани бугарскиот патријарх Неофит да учествува во празнувањето на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија.
Поканата е упатена во писмо, а во него се вели дека ако архиепископот Неофит не може да ја посети Македонија за празнувањето, да испрати свој претставник на соодветно ниво.
Претходно бугарскиот патријарх Неофит нагласи дека „ако има покана од македонската страна, ќе присуствуваме“.
Светиот синод на МПЦ-ОА донесе одлука за одбележување на 1000-годишнината од ОА во храмот „Света Софија“ во Охрид на 28 мај.
Во ноември лани МПЦ-ОА побара од Бугарската православна црква да и биде црква мајка.