Добивај вести на Viber
Вчера наутро, градоначалникот на Гази Баба заедно со Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски беа во посета на поранешниот дом Ранка Милановиќ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот.
„Како градоначалник по извршените консултации со министерот издадов налог на ЈКП Гази Баба со својата механизација да изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад“, објави градоначалникот.
Како што најави тој, ќе се бара трајно решение за овој проблем и за лицата што се сместени во него.
Сакам да ја изразам мојата благодарност до Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски за неговата решителност да се најде трајно решение за овој објект, како и за лицата кои се сместени во него.
Фото: Бобан Стефковски/Фејсбук