Коњановски: Тутунарите да не дозволат влијанија од одредени политички структури
Објавено во: Агробизнис
18 Декември, 2013 20:01
Добивај вести на Viber
Тутунопроизводителите што се незадоволни од проценката на тутунот мислење да бараат од Второстепената комисија. Вака советува заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, кој денеска ги посети откупните пунктови во пелагонските села Добрушево и Ивањевци. Истовремено побара политичките партии да не ги злоупотребуваат земјоделците за добивање поени.
Побара тутунарите да не дозволат какви било влијанија од одредени политички структури или политички притисок. Владата продолжува максимално да го следи откупот, додаде тој.
„Сакаме да бидеме уверени дека тутунот се цени според квалитетот. Не сакаме никој да го користи трудот на тутунарите и затоа ќе ги заштитиме максимално. Веќе обезбедивме финансиска помош од 30 милиони денари колку што очекуваме да изнесуваат субвенциите за околу 30 милиони килограми произведен тутун“ , посочи Коњановски.
Како што информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, само една компанија не ги отвори откупните пунктови во предвидениот рок со што заработила казна од 11.000 евра. Вели дека ја следат состојбата.
„Внимаваме да не се манипулира со земјоделците и да се запази квалитетот на тутунот. Досега се откупени околу 3 милиони килограми тутун од планираните 30 милиони килограми тутун, но исто така, досега се предадени само еден насто од најквалитетната прва класа тутун“, рече Стаменов појаснувајќи дека доминира средната класа тутун.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?