16 Мај, 2024
0.0277

Коњановски вети еден милион евра за чистење на каналската мрежа

Објавено во: Агробизнис 08 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За чистење на каналската мрежа догодина ќе бидат обезбедени  еден милион евра. Во 2013-та за оваа намена беа предвидени 40 милиони денари со кои се исчистени 104 километри канали за одводнување и наводнување.

Ова го изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на скопско Ново Село каде што почна да е чисти каналот на потегот река Лепенец - с. Орман - с. Волков.

- При неодамнешната посета на Волково жителите ни предочија дека ова им е огромен проблем. Затоа и го ставивме меѓу нашите приоритетни активности, истакна Коњановски и додаде дека санирањето треба да се заокружи за околу еден месец.

Од 2006 година досега се исчистени вкупно 534 километра каналска мрежа. Секоја година Министерството за земјоделство прави посебни програми во соработка со водостопанствата и локалното население.

Во Скопско од вкупно санираните 104 километри канали, исчистени се 13,5 километри, покрај овој во Волково, плус 7 километри во општините Гази Баба, Петровец и Илинден главно наменети за одводнување. До крајот на годинава останува да се исчистат уште каналите во Карбинци, Зрновции Кочани.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?