Добивај вести на Viber
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска во Битола, ја претстави ИПАРД програмата преку која се овозможува користење на европски финансиски средства за модернизација на земјоделските стопанства.
Cтанува збор за мерките 101, 103 и 302 преку кои е предвидена директна поддршка за унапредување на земјоделските стопанства, поддршка за земјоделските стопанства за изградба на објекти за преработка на земјоделски производи и поддршка за диверзификација и искористување на економските потенцијали на руралните средини.
На средбата со заинтересираните поединци и фирми за користење на европски средства за модернизација на земјоделските стопанства, заменик-министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, истакна дека трите мерки ќе бидат директно имплементирани, бидејќи за нив постои голем интерес од пелагониските, но и другите земјоделци во државата.
- Во текот на минатата година направивме добра анализа, извршивме модификација на програмите и создадовме услови за апсорбирање на повеќе европски средства наспроти досегашните огласи и искористените околу 9 милиони евра од европските фондови. Оваа шанса треба да ја искористат потпелистерските села за развој на руралниот туризам, односно мали и средни претпријатија да градат објекти со капацитет до 30 соби и 50 легла и да придонесуваат за руралниот туризам - посочи Коњановски.
Огласот за поднесување на апликациите за користење на европски средства за модернизација на земјоделските стопанства ќе биде отворен до крајот на август, потоа ќе следи проверка и доколку е потребно, ќе се овозможи докомплетирање на документацијата се со единствена цел да се искористат што повеќе од понудените средства, беше предочено на денешната средба во Битола.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: