06 Декември, 2025
0.0399

Коњите и кочијашот на принуден одмор, се чека нова траса за скопскиот пајтон

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2013 13:08

Добивај вести на Viber

Коњите се на принуден одмор, а скопскиот пајтон не вози низ градот веќе две седмици. Причина за ова, како што пишува Вечер е  поради продолжување на трасата по која ќе сообраќаат коњите, бидејќи претходно пајтонот вртеше круг само околу плоштад и улица Македонија, а сега треба да продолжи и кон улицата Кеј 13 Ноември кај баровите. Од ЈП „Улици и патишта" сега задолжени да направат корекции на новата траса по која ќе се движи кочијата, бидејќи на некои делови асфалтот бил оштетен. Истовремено, се работи и на обележување на продолжената траса на пајтонот. „Кочијата тргнува од Зоолошката, каде што и е седиштето, оди покрај стадионот кај Опатија, низ паркчето по кејот кај вртелешката и баровите, потоа врти кај Холидеј ин и под ГТЦ кај автобусите, потоа во Жена-парк, под Порта Македонија, плоштадот, улица Македонија и врти повторно кај Лондон кафе. Повеќе од еден километар е зголемена трасата, а средена е и делницата која беше оштетена. Поправките се направени, останува уште еден дел да се обележи и очекуваме уште наредната недела пајтонот да се врати на улица“, велат од "Улици и патишта". Засега нема информации дали зголемувањето на трасата ќе значи и зголемување на цената за возење со пајтонот. Досега возење низ центарот чинеше 100 денари за возрасни и 50 денари за деца. Пајтонот треба да сообраќа секој ден освен понеделник и тоа наутро од 10 до 13 часот и попладне од 16 до 21 часот, а се очекува да биде голема туристичка атракција за странските и домашните туристи, додава Вечер.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј