18 Декември, 2025
0.0809

Конкуренцијата расте, најголемите светски пиварници во поход кон Азија

Објавено во: Свет 04 Март, 2013 18:49

Добивај вести на Viber

Данскиот производител на пиво Карлсберг денеска ја објави понудата за делумно преземање на кинеската пиварница „Chongqing Brewery Company“, во вредност од 2,65 милијарди дански круни (461.49 милиони долари). Ако оваа понуда биде прифатена, Карлсберг ќе воспостави контрола над кинеската пиварница, а можно е да откупи до 60 отсто од акциите на компанијата. Вториот најголем акционер во кинеската пивара е „Chongqing Beer Co“ се обврза да ги продаде своите акции , се вели во соопштението на Карлсберг. „Нашиот бизнис во Азија е многу важен за нашата долгорочна стратегија за развој и ние сме среќни што сега можеме да направиме важен чекор кон Кина", стои во соопштението на извршниот директор на Карлсберг, Јорген Бухл Расмусен. Карлсберг го наследи уделот во пиварницата „Chongqing“ при преземањето на британската пивара „Scottish and Newcastle“  в0 2010 година стана најголемиот акционер во кинеската компанија со учество од 29,7 отсто. Инаку Азија стана главна арена за конкурентската битка на најголемите пивари во светот. Во овој регион Карлсберг во 2011 година оствари 18 отсто од вкупниот обем на продажба во 2011 година.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина