05 Декември, 2025
0.0300

Конкурс за идејни решенија за уредување на плажи на Дојранско и Преспанско Езеро

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2013 14:00

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски објави конкурс за изработка на идејно архитектонско - урбанистички решенија за уредување на 500 метри плажа на Дојранско Езеро во општина Дојран, во централното градско подрачје и дополнителни 100 метри плажа вон централното градско подрачје. Министерството објави конкурс и за уредување на 500 метри плажа на Преспанско Езеро во општина Ресен во населбата Стење и дополнителни 100 метри плажа во населбата Сливница. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека рокот за поднесување на идејните архитектонско-урбанистички решенија за плажите на Дојранско Езеро е 08. јули 2013 година, до 11:00 часот, додека за плажите на Преспанско Езеро е 11. јули годинава до 11:00 часот. Концептот на заштитата на природната средина и зачувување на автентичноста на поедини обележја, кои се јавуваат како специфични за тој регион, треба да претставува основно начело при изработката на архитектонското-идејно решение. Од Министерството информираат дека потребно е на плажите да има планирана песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди совпоставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Сервисниот пункт, пак, треба да опфати повеќе содржини како шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. За да се обезбеди заштита на капачите од пловни објекти и да се предвиди место за служба за спасување, треба да биде обележан просторот за капење во езерото со бови. Местото за седење на спасителот, пак, треба да се вклопува во духот на целата плажа. На плажата треба да се предвидат места за информативни паноа, бежичен интернет и други погодности за забава и престој. Од Министерството информираат дека идејните решенија ќе се рангираат и оценуваат по оригиналност и иновативност, изводливост, пристапност до и во локацијата за лицата со посебни потреби, вид и квалитет на понудените материјали и нивна трајност и читливост на идејата на проектот. Уредувањето на плажите на Дојранското Езеро и Преспанското Езеро е согласно современите туристички стандарди. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека уредувањето на плажите ќе овозможат во текот на следната туристичка сезона да бидат подготвени сите предуслови за пречек на туристите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј