28 Јуни, 2024
0.0288

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

На висока стручна школа ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕможат да се запишат вкупно 60 студенти во прва година на прв циклус стручни студии во учебната 2024/2025 година, од кои:

§  30 студенти на студиската програма по Бизнис администрација - банкарство, осигурување и контролинг; и

§  30 студенти на студиската програма по Податоци и компјутерски науки.

Наставничкиот совет на седницата за определување на бројот на студентите за запишување во прва година во академската 2024/25 година го предлага следниот број на студенти:


Надоместокот за запишување и посетување настава на прв циклус стручни студии на студиските програми – двојна диплома со С.Р. Германија, за една академска година со вредност од 60 ЕКТС изнесува 1,100 евра во денарска противвредност кон ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ и трошоци кон Универзитетот во Франкфурт - Провадис, С.Р. Германија во износ од 2,800 евра во денарска противвредност.  Надоместокот за запишување и посетување настава на прв циклус стручни студии на студиските програми и условите за можните начини на плаќање и попустите кои се одобруваат, се регулирани со Правилникот за финансиски надоместоци за прв циклус стручни студии на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ и Универзитетот во Франкфурт - Провадис, С.Р. Германија.   

Право на запишување на прв циклус стручни студии на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ имаат кандидати кои положиле државна матура или меѓународна матура.

Право на запишување на прв циклус стручни студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура, како и кандидати кои своето четиригодишно образование го завршиле во учебната 2019/2020 година, согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средно образование за време на вонредна состојба.

Странските државјани се запишуваат на студии под исти законски услови како и домашните државјани, и кои со пријавата приложуваат решение за нострификација за завршено средно образование односно доказ дека е започната постапка за нострификација кај надлежните институции.

Доколку на конкурсот се јават повеќе кандидати од утврдениот број согласно овој конкурс, нивниот избор ќе се врши со рангирање според тест и интервју кои ќе биде спроведени од страна на комисија составена од германските професори од ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ.

Десетте најдобри студенти чиишто апликации за студирање ќе бидат прифатени од ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ и Универзитетот во Франкфурт - Провадис, С.Р. Германија, согласно условите наведени во Правилникот за условите за запишување на прв циклус стручни студии на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ќе може да плаќаат по вработувањето.

Сите студенти коишто ќе го изберат овој модел на самофинансирање ќе плаќаат 0 денари за време на нивните студии, освен еднократниот административен трошок од 200 ЕУР во денарска противвредност. Почетокот на плаќањето на школарината ќе започне првиот месец по дипломирање или вработување, но не подоцна од 01.01.2028 година. За сите студенти кои ќе се вработат во банки и останати компании во С.Р. Германија, после стекнувањето на германска универзитетска Диплома од ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ и Универзитетот во Франкфурт - Провадис, С.Р. Германија, дополнително ќе се уреди начинот на плаќањето на школарината преку условите наведени во Правилникот за финансиски надоместоци за прв циклус стручни студии на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ.

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ за кандидатите што ќе се запишат на прв циклус студии ќе организира:

-  подготвителна настава со истакнати ментори, професори од Германија и искусни претприемачи;

-  кариерно советување и мотивациски обуки преку Школата за управување со таленти во состав на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, со предавања на мотивациски говорници и тренери за личен развој; и  

-  обука за подготвување на биографија, мотивациско писмо и интервју за работа.

НАПОМЕНА: Уписниот рок започнува со објавувањето на конкурсот и трае до 01.10.2024 година.

Документи за пријавување и запишување

1.  пријава за запишување

2.  оригинални свидетелства од I - IV година

3.  свидетелство за завршено средно образование

4.  документ за положена државна матура

5.  извод од матична книга на родените

6.  доказ за државјанство (уверение или решение)

7.  две слики (големина 2 х 3 см.)

Наставата ќе се реализира во просториите на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, со седиште на ул. 3-та Македонска бригада, Аеродорм, 1000 Скопје и С.Р. Германија (Хајделберг и/или Франкфурт).  

Подетални информации во врска со овој конкурс можат да се добијат во просториите на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, како и на телефонскиот број 070355656, на контакт маил contact@heidelberg.edu.mkили на веб страната на ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ: www.heidelberg.edu.mk 

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Наставнички Совет

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно Bridal Show во „Цар Самуил“: Ноќ на емоции, висока мода и убавина

ЕЛЕНА ЛУКА со спектакуларно Bridal Show во „Цар Самуил“: Ноќ на емоции, висока мода и убавина

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци

Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“

Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“

Halk EZ – нов банкарски пакет прилагоден на животниот стил на младите

Halk EZ – нов банкарски пакет прилагоден на животниот стил на младите

ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПРВИОТ МАЛОПРОДАЖЕН ПАРК “Fashion Park Triangla” ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПРВИОТ МАЛОПРОДАЖЕН ПАРК “Fashion Park Triangla” ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин

Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин

Вложете во вашата иднина со нов станбен кредит и депозит со најповолни каматни стапки до крајот на годината

Вложете во вашата иднина со нов станбен кредит и депозит со најповолни каматни стапки до крајот на годината

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта