MНОГУ МАКЕДОНЦИ СОНУВААТ ДА СЕ ИСЕЛАТ: Натали Георгиева има поинаква приказна, од Канада се врати во Македонија
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2024
Додека многу Македонци размислуваат да се иселат од Македонија, Натали Георгиева има поинаква животна приказна. Таа лани се врати во земјава со најблиските. Вели дека работите во Канада се менуваат и тие донеле одлука да се вратат дома, во Македонија.
Оваа млада девојка своите искуства ги споделува на Јутјуб каналoт Back2TheBalkans со цел да им помогне и на другите луѓе кои имаат слични планови и интереси.
„Јас, мајка ми и брат ми одлучивме да си заминеме од Канада и да се вратиме во Македонија некаде кон крајот на март 2023 година. Одлуката не беше нешто за кое дебатиравме, туку напротив сите тројца индивидуално во исто време размислувавме за враќање. Денес, слободно можам да кажам дека Бог нè насочи и нè водеше дома. Ние само го послушавме“, вели Георгиева.
Објаснува дека квалитетот на живот во Канада веќе не е како порано и тоа придонело да се вратат во земјава.
„Има многу причини зашто ја напуштивме Канада. Како што објаснив во моето прво видео на Јутјуб, Канада не е повеќе таа ветена земја, примамлива за имигранти од целиот свет. Скоро непрепознатлива е за тие што се родени и израснати таму. Трошоците за живот станаа многу високи (на пример Канада има меѓу најголемите стапки на данок), купување на имот е многу тешко за помладите генерации, кириите се превисоки, а платите нa многу луѓе не ги покриваат месечните трошоци“, додава Георгиева.
Вели дека има криминал, посебно во поголемите градови како Торонто и Ванкувер, има имигранти за кои нема работа, се промовира култура на работохолизам и слично. Додава дека статистиката за минатата година покажува дека преку 400.000 луѓе ја напуштиле Канада.
Инаку, откако Георгиева ја сподели својата приказна во група на социјалните мрежи, многу македонски граѓани укажаа на проблемите овде, немањето перспектива, корупција, криминал и ред други проблеми.
„Нашиот план е да останеме тука. Иако не знаеме што ни носи иднината, многу сме среќни што решивме да си заминеме. Јас навистина сакам да научам повеќе за моето потекло, да го усовршам јазикот како и да го искористам Јутјуб како платформа да помогнам на иселениците кои размислуваат или сакаат да се вратат во Македонија. Кога станува збор за адаптацијата, најголемата пречка ми е јазикот. Моите се родени во Малешевијата, па затоа мешам дијалект и литературно и понекогаш се наоѓам во комични ситуации. Kaко и да е, напредувам секојдневно. Живеењето тука е секако голема промена за сите нас, иако скоро секој летен одмор се враќавме во Македонијa. Но, ние бевме сосема свесни дека ќе ни треба период на адаптација. Сè на сè темпото на живот овде е многу порелаксирано, улиците се многу побезбедни, храната е повкусна, луѓето навистина се дружат и имаме сè што ни е потребно. Како што спомнав, немаме никаква намера да се вратиме во Канада иако голем дел од луѓето што ја слушнаа нашата приказа тврдат дека ќе го направиме тоа. Не, не, ние си дојдовме дома, Македонија е дома“, вели Георгиева.
Таа има завршено четири години универзитет и две години мастер програма на Western University во Лондон, Онтарио. Работи со луѓе кои имаат пореметена исхрана.
„Мои клиенти најчесто се млади луѓе, бивши спортисти, балерини, играчи или луѓе кои долго време биле на разни диети и комплетно го имаат пореметено начинот на исхрана. Работам за истата компанија во Канада во која се вработив пред да дојдам и сонувам еден ден да отворам приватна фирма овде во Македонија за да можам да помогнам на луѓето со слични проблеми“, вели Георгиева.
Бројките за тоа колку млади сакаат да ја напуштат Македонија се поразителни. Алармантни податоци покажа истражувањето на Алма Кариер. Најподготвени да се иселат од Македонија се луѓето со високи плати и со високо образование. Според истражувањето спроведено во 13 земји од Источна Европа, Македонците најмногу размислуваат да се иселат заради подобра работа. Подобра плата е најчестиот мотив, и 28 насто од луѓето во Македонија би се иселиле за подобра работа. Сакаат да го продолжат својот живот во Германија, Швајцарија, Словенија.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.