Континуитет во раководството на ПроКредит Банка - Јованка Јолеска Поповска со нов мандат во Надзорниот одбор
Објавено во: Мои пари 10 Јули, 2025 11:04
По долги години успешна работа на лидерски позиции и значаен придонес во развојот на банката, ПроКредит донесе одлука за продолжување на мандатот на Јованка Јолеска Поповска која и во наредните четири години ќе ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор. За нејзиното реименување издадено е решение за претходна согласност од Народната банка.
Јованка Јолеска Поповска е дел од ПроКредит уште од самото основање во 2003 година, каде што изгради богата кариера исполнета со лидерски улоги и стратешки достигнувања. Од 2009 до 2021 година беше член на Управниот одбор на банката, а во 2021 година беше унапредена во член на Надзорниот одбор – позиција на која продолжува да дава значаен придонес и денес.
Тековниот состав на Надзорниот одбор на ПроКредит банка ги вклучува Јованка Јолеска Поповска, заедно соискусните професионалци Кристијан Едгардо Дагроса во улога на претседател, членовите Дрис Нор, Ериола Биболи и независните членови Каспар Линус Бауман и Елена Наумовска.
ПроКредит банка останува посветена на стратегијата за понатамошно зацврстување на својата позиција на македонскиот пазар, особено во сегментите на бизнис клиенти и физички лица, преку силен и стабилен раководен тим кој ја предводи банката кон одржлив раст и иновации.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




