24 Јануари, 2025
0.0274

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Македонците се меѓу нациите кои најкратко го користат пензискиот стаж, што уште повеќе ќе се скрати ако се продолжи границата за пензионирање. Дополнително, зголемувањето на границата може да биде и контрапродуктивно и за работниците и за фирмите, и да води кон повеќе повреди на работно место. 

Ова се дел од забелешките на универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии на предлогот за зголемување на границата за пензионирање кој според него нема да ги реши проблемите со кои се соочува Пензискиот фонд во моментот. 

- Во Македонија во просек луѓето во пензија живеат само 10 години, што е меѓу најкратките во Европа. Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години, што веројатно ќе биде најкратко во светот. За споредба, во Австрија луѓето живеат во просек 18 години по пензионирањето – границата за пензионирање е 63 години, но животниот век е 81. Слична е состојбата и во другите земји од ЕУ. Кога животниот век во Македонија ќе се доближи до 80 години, тогаш можеме да размислуваме за вакви промени не сега - вели Јовановиќ.

Според него, мерката нема да има никаков ефект на краток рок, бидејќи резултатите од зголемувањето на границата за пензионирање се гледаат дури по 10-тина години. До тогаш, додава Јовановиќ, дел од проблемите со дефицитот на Пензискиот фонд ќе почнат да се решаваат природно со исплатата на пензии од вториот пензиски столб.

- Кревањето на границата за пензионирање може да биде и контрапродуктивно, и за работниците и за фирмите. Тоа може да го влоши здравјето на работниците, да ги зголеми повредите на работа, па дури и да го намали животниот век, кој и сега е меѓу најкратките во Европа. Дополнително, може да ја намали продуктивноста на фирмите, бидејќи постарите работници не се толку продуктивни како помладите. Постои причина зошто границата за пензионирање постои во сите земји, а тоа е за да се заштити здравјето на луѓето и да се одржи продуктивноста - нагласува Јовановиќ.

Наместо вакви мерки, според Јовановиќ, има други мерки коишто би биле поефективни во овој момент. Смета дека треба да се укинат сите ослободувања од плаќање даноци и придонеси бидејќи тие креираат дел од дупката во Фондот за ПИОМ, а за придонесот за пензиско осигурување вели дека треба да се зголеми бидејќи тој е еден од најниските во Европа. 

- Треба да се покачи придонесот за пензиско осигурување, кој во Македонија е меѓу најниските во Европа, а и беше значајно намален во времето на Груевски, од 21 на 18 проценти. И при двете овие работи, мора да се внимава зголемувањето да не падне на грбот на работниците, односно да се предвиди дека нето платата на работниците не смее да се намали поради повисоките придонеси. Трето, мислам дека треба повеќе да се посвети внимание на конструктивни мерки, како креирање нови работни места, формализирање на неформалната вработеност и покачување на платите. Со тие мерки не само што директно ќе се зголемат приходите на фондот, туку и ќе се заживее економската активност, што ќе има двоен ефект - оценува Јовановиќ. 

Фискалниот совет во предлог мислењето дадени кон Фискалната стратегија 2025-2029 година предложи од 2026 година да се зголеми границата за одење во пензија на 67 години и постепено да се зголемува придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Реакции имаше и од Сојузот на синдиакти на Македонија, а од Владата нагласија дека во моментот не се размислува за вакво нешто.

Можеби ќе ве интересира

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

Томовски: Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат, но не во барок стил

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

Мицкоски се огласи, но не појасни: Суштината е мојата посета, а не поканата за инугурацијата на Трамп

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

БОНЕВА, СТАВРЕСКИ И ТРЕНОВ: Тројца видни членови на ВМРО-ДПМНЕ на иста маса, едниот веќе доби функција

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

Повредените од верижниот судир кај Смилковско езеро се во стабилна состојба

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато